15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади - Part 3

15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

11. Слинки

15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

Слинкито на почетокот не се користело како детска играчка. Воздухопловниот инженер Ричард Т. Џејмс се обидувал да најде начин да ги обеси кршливите инструменти на палубата кога одеднаш испуштил една пружина која ненадејно се собрала. Така се родила идејата за оваа детска играчка и пружината за игра набрзо се појавила во голем број продавници. Продадени се околу 300 милиони примероци од овие играчки.

12. Кесички за чај

15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

Во 1904 година, Томас Саливан, увозник на чај и кафе од Њујорк, решил да продава чај на поотмен начин со тоа што ќе го става во свилени кесички. На потрошувачите им се допаднало ова, но од сосема друга причина. Тие сфатиле дека многу полесно е да се вари чај директно од кесичките. Како резултат на тоа, продажбата значително пораснала, а идејата стекнала универзална слава.

13. Исплакнувач за уста

15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

Џозеф Лоренс го измислил овој антисептик во 1879 година за чистење на хируршките инструменти. Меѓутоа, луѓето го согледале неговиот потенцијал и почнале да го користат за сѐ: Лечење рани, орална хигиена, отстранување првут и габички, па дури и како дезодоранс. Исплакнувачот за уста станал популарен во 20-тите години кога излегла првата реклама. Девојка се поттргнувала од нејзиниот свршеник со лош здив и се прашувала: „Дали би можела да бидам среќна со него и покрај тоа?“.

14. Вијагра

15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

Фицер се обидувал да создаде лек за срцеви заболувања, но клиничките истражувања покажале дека лекот е бескорисен во тој поглед. Меѓутоа, била забележана необична несакана последица: Супстанцата имала силно влијание на крвотокот во карличниот предел. Така се родил познатиот афродизијак.

15. Микробранова печка

15 секојдневни работи чија оригинална намена ќе ве изненади

Малкумина знаат дека микробрановата печка не била измислена намерно. Инженерот Перси Спенсер тестирал некоја радарска опрема и забележал дека микробрановите од активниот радар го стопил чоколадото во неговиот џеб. Перси ставил малку пченка на магнетронот и таа веднаш почнала да пука. Ова дефинитивно било откритие на векот!

Погледнете ги и овие 10 работи чија намена никогаш не би ја погодиле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар