15 секојдневни проблеми кои ќе ги разберат само девојките со голем задник

15 секојдневни проблеми кои ќе ги разберат само девојките со голем задник

Големиот задник е можеби популарен поради ѕвездите како Џенифер Лопез и Иги Азалеа, но тоа не значи дека е лесно да се има. Оние девојки кои имаат голем задник се чувствуваат како тој да им е постојано изложен, бидејќи сите луѓе кои поминуваат покрај нив зјапаат во него. Тие исто така секојдневно се соочуваат и со следниве 15 проблеми…

15 секојдневни проблеми кои ќе ги разберат само девојките со голем задник

1. Ретко кога целосно ви одговараат некои фармерки – Големи се шансите дека тие ќе бидат преголеми во еден дел, а премали во друг. Доколку ви се точни кај струкот, кај бутините тие се на неколку минути од кинење или пак, ако ви се точни кај колковите, областа кај струкот секогаш ви стои отворена.

2. Чувствувате и љубов и омраза кон пантолоните кои се растегнуваат – Тие се толку удобни, но не можете да ги носите никаде без да чувствувате дека со нив привлекувате премногу внимание.

3. Кратките пантолони постојано ви се качуваат нагоре додека одите – Вие едвај чекате да се најдете во ситуација каде што никој не ве гледа со цел да ги спуштите надолу.

4. Истото правило важи и за здолништата – Доволни се само неколку чекори за здолништето со средна должина да се претвори во мини.

5. Не можете да облечете фармерки без процесот „скокни и повлечи“ – Вие редовно скокате низ вашиот дом во обид да ги облечете вашите тесни фармерки.

6. Вие сте познати како девојката со големиот задник – И постојано се нервирате зошто никој не ви се обраќа со вашето име.

7. По секоја пуштена машина за алишта, вие сте убедени дека вашата облека се смалува, а не дека вашиот задник се зголемува – Вие постојано ја одржувате истата тежина и нема друго логично објаснување за тоа што се случува.

8. Тесните фармерки не се ваши пријатели – Тесните фармерки изгледаат многу слатко на куклите во излозите, но секој пат кога вие ќе се обидете да ги облечете сфаќате дека тие едноставно не се за вас. Со нискиот струк и самиот дизајн на овие фармерки едноставно во нив нема доволно место за вашиот задник.

9. Имате потешкотии кога треба да поминете покрај луѓе за да стигнете до вашето седиште на стадион или во кино – Има толку малку простор помеѓу нив и вашиот задник што потребно е да бидете премногу внимателни со цел да не ги удрите нив или нивните пијалаци на поминување.

10. Каишите се вашите најдобри пријатели – Немате сеќавање кое не вклучува каиш. Да можеа да зборуваат, тие би можеле да го раскажат целиот ваш живот.

11. Мразите да се качувате по скали пред други луѓе – Идејата дека вашиот задник е на иста линија со лицето на некој странец е доволно застрашувачко, затоа постојано го одбирате лифтот.

12. Невозможно е да одговорите на прашањето „Која големина носите?“ – На различен дел од вашето тело му прилега различна големина, па токму затоа мора да правите различни комбинации на облека или пак, дополнително да ја поправате откако ќе ја купите со цел да „легне“ соодветно на вашето тело.

13. Токму затоа или сте научиле да шиете или сте потрошиле многу пари на кројачи – Досега не се случило ниту една купена облека совршено да одговара на формата на вашето тело.

14. Морате да вложите повеќе труд во теретана за да се изборите со гравитацијата – Никој не сака виснат задник, па токму затоа постојано вежбате со цел да го одржите вашето тело во форма.

15. Неколку луѓе ве имаат забележано и како се обидувате да тверкате – Која е поентата на голем задник доколку не го направите ова барем еднаш во вашиот живот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар