Претходно
15 работи во кои ќе се препознаат оние кои премногу размислуваат
Велат дека човек не треба премногу да размислува за работите ако сака да живее квалитетен живот. Сепак, оние кои премногу размислуваат знаат дека тоа си има и свои предности.
- Опседнати се со тоа работите да ги направат „како што треба, на вистинскиот начин“. Перфекционизмот е нивна карактеристика.
- Нивниот начин на размислување може да се опише секако, освен како едноставен. Но не се секогаш комплицирани личности, туку комплексни. Тоа се должи и на нивната креативност.
- Имаат високи очекувања. Пред сè од себе, а тоа се рефлектира и на очекувања од другите.
- Одлични соговорници се. Тие добро ги истражуваат и размислуваат за работите пред да зборуваат за нив.
- Трпеливи се. Трпеливо размислуваат пред да донесат одлука.
- Многу работат. Кога од нив се очекува да завршат некоја работа тие вложуваат екстра труд за другите да ги направат среќни.
- Имаат сценарио за сите ситуации. Кога ги очекува некоја ситуација која може да биде незгодна за нив тие смислуваат сценарија за сите можни исходи и смислуваат одговори за сите забелешки и прашања кои можат да им бидат поставени.
- Не се каат. Едноставно, тие премногу размислуваат, се вложуваат себеси во тоа и на крај не се каат.
- Другите ги сакаат. На толку размислување ретко прават грешки во односите со другите. Сите се чувствуваат пријатно покрај нив.
- Имаат одлични резултати во она што го работат. На толку размислување и внимателност не може да биде поинаку.
- Позитивни се. Живеат во сопствен свет во кој сè е можно.
- Одлични организатори се. А како не би биле кога ги обмислуваат сите детали. Знаат да ги организираат најдобрите забави. Листите на работите кои треба да ги направат им помагаат во тоа.
- Нивните мозоци можат да се справат со голем број информации. Добро се истренирани и секогаш се во добра кондиција.
- Имаат шампионски потенцијал. Иако прекумерното размислување може да биде пречка во некои сфери од животот, тоа е она што ги движи напред големите шампиони во спортот, науката и бизнисот.
- Ги даваат најубавите подароци. Долго ќе размислуваат што е она што ви треба или го посакувате затоа што сакаат да им причинуваат задоволство на другите, а сакаат и да се покажуваат.