15 работи кои секоја типична девојка ги прави во љубовната врска

15 работи кои секоја типична девојка ги прави во љубовната врска

Секоја девојка е посебна на свој начин и нормално дека по некои карактеристики се издвојува од останатите. Меѓутоа постојат работи кои речиси секоја девојка ги прави, и вие доколку сте во врска сигурно ги имате забележано. Мажите најчесто не можат да разберат зошто девојките се опседнуваат со овие неколку нешта, но принудени се да ги прифатат па дури и поддржат во одредени случаи. Сигурни сме дека ќе ја препознаете вашата девојка барем во половина од следниве 15 работи кои се нејзино секојдневие, а ваш кошмар…

15 работи кои секоја типична девојка ги прави

1. Храната служи за две работи: Преживување и Инстаграм

Немојте ни да помислите да го допрете клуб сендвичот додека не биде прво совршено наместен и овековечен на фотографија која треба да собира лајкови на Инстаграм.

2. Кога излегува новата сезона на „Портокаловата е новата црна“ (Orange is the New Black) знаете дека тоа ќе биде главната окупација цел викенд

Поентата е дека заедно сте посилни и без проблем ќе можете да ја совладате цела сезона за 1 ден.

3. Нејзината несовршена растурена пунџа целосно влегува во вашето лице додека се гушкате

Дали знаете колку е тешко да се направи растурената пунџа да изгледа совршено растурена? Многу тешко. Толку тешко, што вие ќе мора да најдете начин да се гушкате со неа и да уживате во секој момент од тоа.

4. Вашата рака е нејзиниот човечки селфи стап

И многу ќе биде забавно! Ќе направите толку многу селфиња, ќе ги откриете сите вистински агли и ќе научите колку нервира тоа што мобилниот телефон ја превртува фотографијата откако ќе се сликате.

5. Одите на љубовни состаноци коишто се посебно испланирани само затоа што местата се популарни на Инстаграм

Нема врска тоа што ќе чекате два часа за да бидете послужени откако сте чекале два часа за да фатите маса. Тоа смуди е неверојатно и вреди за целата мака. Кога велиме вреди, мислиме вреди според најверодостојниот извор на светот – Инстаграм.

15 работи кои секоја типична девојка ги прави

6. Го имате научено секој стих од секоја нова песна на Тејлор Свифт и Џастин Бибер

На почетокот пробавте да се спротивставите, но по некое време се фативте себеси како цело време си потпевнувате „Is it too late now to say sorry?“. И се чувствувате просто волшебно!

7. Мора да покажете почит кон совршената шминка и прамените кои ги извадила

Знаете ли колку часови поминала гледајќи туторијали на Јутјуб за да научи како да го намачка лицето? Знаете ли колку часови поминала во фризерски салон за да ја добие токму оваа нијанса? Никој не кажал дека да се биде убав е лесно, но правило е дека сите мора да дадат комплимент за совршениот изглед.

8. Одбирањето филтри и хаштагови на Инстаграм е вашата регуларна активност секогаш кога сте заедно

Ве молиме обрнете посебно внимание на игрите со зборови! Зарем вреди да се објави совршено добра фотографија со крофна, ако под неа нема интересен и досетлив опис?!

9. Таа не слави роденден, таа слави роденедела

Погрешно: Што ќе правиме за твојот роденден?

Правилно: Што ќе правиме секоја вечер од твојата роденденска недела?

10. Ако ви каже дека е готова за 5 минути, подобро заземете удобна позиција затоа што ќе си почекате уште цел час

Знаете како велат: Совршеното мачкино око не било создадено за 5 минути.

15 работи кои секоја типична девојка ги прави

11. Ако некогаш ја повредите, подгответе се да се соочите со нејзината екипа

Немојте да си играте играчки со нејзината женска екипа, бидејќи голема е веројатноста дека ќе го пронајдете вашето име со натпис за тоа колкав кретен сте биле во женскиот тоалет на секоја можна дискотека во градот.

12. Ако сакате одново да го преживеете вашиот љубовен состанок, проверете ја нејзината приказна на Снепчет

Сè си стои таму: Од моментот кога влеговте во автомобилот и ја слушавте Бијонсе, до моментот кога седнавте на вечера и нарачавте вино.

13. Ви се чини дека е опседната со сè и сешто

И тоа е навистина така! Таа се возбудува за секоја најмала ситница што се случува животот.

14. Подгответе се за бура на емотикони!

Сигурни сме дека веќе течно научивте да го зборувате јазикот на емотиконите затоа што тоа е основниот јазик на кој секојдневно комуницирате.

15 работи кои секоја типична девојка ги прави

Превод: „Дали сакаш пица?“

15. Целиот свет мора да знае дека вие сте најслаткиот пар што постои

Секоја можна фотографија од вас двајца на која изгледате неверојатно заљубени и слатки мора да биде објавена и тоа задолжително надополнета со хаштаг #RelationshipGoals. Како инаку би дознал светот за вашата љубов? И што вреди да се биде во врска ако секој ваш посебен момент не биде јавно објавен?

Колку и да ви изгледаат овие работи смешни и луди, мора да признаете дека ви го прават животот поинтересен и поисполнет. Верувајте дека би ви било здодевно кога жените не би биле токму онакви какви што се: Посебни и единствени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар