15 работи кои го влошуваат мамурлакот

15 работи кои го влошуваат мамурлакот

На сите ни се случило да се препуштиме на забавата и да испиеме по некоја чашка повеќе. Во моментот тоа изгледа како вистинската одлука и нас не може да нè сопре никој, но веќе наредниот ден се соочуваме со страшните последици од незнаењето да се каже „Доста!“. Кога премногу алкохол ќе влезе во крвотокот и ќе стигне до мозокот предизвикува прекумерно количество алкохол во крвта, што доведува до мамурлак. Алкохолот потоа метаболизира во токсични отпадоци и сето тоа доведува до дехидратација, воспаление на ткивото и низок шеќер во крвта. Резултатот е неподнослива главоболка кога алкохолот ќе „испари“ од организмот. Најдобриот лек против мамурлак е тој да се превенира, што значи да не се пие воопшто. Но, ако сепак одлучите да пиете, а не сакате да бидете мамурни наредниот ден, барем не правете ги следниве работи.

15 работи кои го влошуваат мамурлакот

1. Не пијте премногу брзо

На алкохолот му се потребни 30 до 60 минути да се апсорбира во тенкото црево и затоа тој веднаш има штетно влијание на вашиот мозок. Телото е способно да обработи по еден пијалак на секој час и половина, па затоа ако пиете брзо нивото на алкохол во крвта за многу кратко време ќе го достигне врвот и ќе се опијаните. Пијте побавно, размислете добро пред да го нарачате вториот коктел и погледнете колку време изминало.

2. Не си легнувајте премногу доцна

Можеби не ви се чини како голема работа да останете на забава до раните утрински часови кога знаете дека не сте на работа наредниот ден. Проблемот е во тоа што алкохолот има штетно влијание и на квалитетот и на квантитетот на вашиот сон. Тој ве измамува да си помислите дека спиете подобро затоа што полесно заспивате, но реалноста е дека тој ве попречува да имате мирен и длабок сон. Исто така, голема е веројатноста дека утредента ќе се разбудите премногу рано, но ќе се чувствувате толку лошо што нема да можете пак да заспиете. Пред да решите да останете до затворање на клубот, сетете се дека наредниот ден ќе бидете толку исцрпени што цел ден ќе ви пропадне.

3. Не пијте на празен стомак

Алкохолот го зголемува лачењето на киселините во желудникот кои го иритираат стомакот, поради што наредниот ден ќе чувствувате подуеност и мачнина. Ако пиете без притоа да внесувате храна, оваа иритација ќе стане уште полоша. Затоа најдобро решение е да јадете нешто хранливо пред да почнете со пиењето или да мезете додека пиете.

4. Не се потпирајте на некое магично апче, сок од цедено овошје или друг лек што мислите дека ќе го спречи вашиот мамурлак

Ако мислите дека можете да се препиете, па потоа да ги ублажите последиците со некој магичен лек, сте се излажале. Не постои научен доказ дека таков лек воопшто постои. Наместо да го лечите мамурлакот подобро е да го спречите со тоа што ќе јадете, ќе пиете доволно вода и нема да претерате со пијачките.

5. Не нарачувајте пијалаци и коктели кои содржат премногу шеќер

Знаете дека не треба да изедете 6 парчиња торта затоа што подоцна ќе ви биде лошо, но немате проблем да испиете толку пијачки што го содржат истото количество на шеќер. Обрнете внимание на тоа колку шеќер има во коктелите што ги нарачувате и побарајте пијачки кои содржат повеќе вода бидејќи ќе ви помогнат да не дехидрирате.

6. Не нарачувајте шотови кога веќе сте пијани

Шотовите генерално не се баш најдобра идеја, но најлошо е кога ќе ги испиете откако веќе сте се напиле неколку чашки алкохол. Ако сте веќе поднапиени од пиво, голема е веројатноста дека ќе испиете многу шотови за краток временски период, бидејќи моќта за расудување ви е намалена и не можете да процените колку силно ќе ве „удри“ алкохолот. Доколку сте голем љубител на шотовите подобро е да ги пиете кога сè уште сте трезни, за да бидете свесни за тоа како ќе ви влијаат и потоа да можете да забавите или престанете со пиење.

7. Продолжувајте да мезите во текот на ноќта

Ако пиете подолго време, сè што се јаделе претходно ќе биде доволно обработено за да не може да го ублажи влијанието на алкохолот и стомакот ќе ви биде повторно празен. Најдобро е да се држите до барови кои покрај алкохолот нудат и храна за да го избегнете ризикот од тоа да пиете на гладно срце.

8. Не се изложувајте на ризични физички активности кои најверојатно ќе завршат со повреда

Трчањето наоколу на високи потпетици, танцувањето без престан со часови, како и борењето со вашите пријатели може да се чинат како одлична идеја во моментот. Добро е познато дека алкохолот ве прави похрабри и тогаш ништо не може да ви застане на патот. Сите овие работи кои ќе ги направите под дејство на алкохол, можеби нема да ги почувствувате во моментот, но затоа утредента и тоа како ќе ги почувствувате нивните последици. Алкохолот ги воспалува крвните садови, ткива и органи. Ќе ве боли целото тело и нема да бидете способни за ништо во текот на целиот ден. Затоа внимавајте на какви физички активности се изложувате кога сте поднапиени.

15 работи кои го влошуваат мамурлакот

9. Не мешајте алкохол со лекови

Лековите што ги пиете можат да го сменат начинот на кој алкохолот дејствува во вашиот организам и со тоа да ги направат неговите последици уште полоши и поболни. Проблемите што можат да настанат варираат од лице до лице и зависат пред сè од самиот лек, но во секој случај ваквиот подвиг е далеку од препорачлив. Зборувајте со вашиот доктор или фармацевт пред да решите пиете алкохол додека примате лекови.

10. Не правете глупави нешта поради кои ќе зажалите наредниот ден

Кога пиете нормално е да се чувствувате порелаксирано затоа што алкохолот ги смирува оние делови од мозокот заслужни за анксиозноста и стресот и вие автоматски станувате еуфорични. Меѓутоа, кога ќе се отрезните еуфоријата ќе исчезне и вие ќе се чувствувате уште понервозно и подепресивно од претходно. Сите сме имале искуство со мислата: „Кој ѓавол ме натера да го направам тоа“. Не заборавајте дека кога сте пијани, голема е веројатноста дека ќе донесете лоши одлуки поради кои подоцна ќе се каете и затоа одбегнувајте ситуации кои би ве вознемириле кога сте трезни.

11. Не пиете доволно вода

Алкохолот е диуретик и поради тоа ве тера да исфрлите и до еден литар вода во текот на една вечер. Ова ќе доведе до дехидратација и затоа многу е важно да не заборавите да внесете доволно вода. Обидете се по секоја чашка алкохол да испиете чаша вода. Тоа нема да направи да исчезне вашиот мамурлак, но значително ќе ги намали последиците.

12. Не пијте нешто што знаете дека ќе ви предизвика неподнослив мамурлак

Во основа, видот на алкохолот не е толку важен колку количеството, но некои луѓе полошо реагираат на одредени пијалаци поради некоја од состојките што ги содржат. Ако забележите дека секогаш кога пиете вотка имате страшен мамурлак дента потоа, немојте да ја нарачувате без разлика колку ви се допаѓа.

15 работи кои го влошуваат мамурлакот

13. Немојте да го изедете цел фрижидер кога сте пијани

На сите нас омилениот дел од пиењето ни е кога ќе дојдеме дома и ќе решиме дека ако ја изедеме ладната пица во фрижидер, останата од ручекот, ќе бидеме многу посреќни и позадоволни. Вистина е дека добро е да јадете нешто доколку се чувствувате гладни после пиење, но немојте да претерате, особено ако се работи за масна и зачинета храна како пржени компирчиња, пица или хамбургер. Немојте да јадете храна која не е на вашето секојдневно мени, бидејќи утредента ќе чувствувате уште поголема подуеност и мачнина.

14. Не пијте наредниот ден за да ги олесните симптомите

Кога вашиот мамурлак сè уште не поминува и после неколку аспирина, калоричен сендвич за појадок и попладневна дремка, помислата пак да се поднапиете за да ги ублажите симптомите може да се чини како добра идеја. Но, факт е дека целокупната дехидратација ќе стане уште полоша и само ќе го продолжите времето кое на вашето тело му е потребно за да се оправи. Наместо тоа, испијте многу вода и вратете се во кревет.

15. Не учите од вашите мамурлаци

Мамурлакот е состојба на интоксикација – вие буквално сте го отруле вашето тело и сега тоа се обидува да се ослободи од отровот и да заздрави. Кога ќе добиете труење од храна, природно е да не сакате да ја јадете таа храна извесно време. Мамурлаците би требало да го имаат истиот ефект со што би ни помогнале да не ја повторуваме истата грешка а тоа е да испиеме премногу алкохол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар