15 проблеми со градниците кои секоја жена ги разбира

15 проблеми со градниците кои секоја жена ги разбира

Ах градници… совршена потпора на градите, изгледаат убаво и понекогаш имаат моќ да го заведат секој маж на планетава. Тие се неудобни, но сакале или нејќеле, без нив не можеме никаде да излеземе. Секоја жена многу добро ги знае овие маки и барем еднаш во животот се соочила со нив, ако не и секој ден.

0-15-problemi-so-gradnicite-koi-sekoja-zhena-gi-razbira-kafepauza.mk

1. Кога ќе го слечете и имате црвени траги како некој да ве врзал со јаже – „Никој не ме држеше заложник, само носев градник и немам никаква идеја колку стегнат треба да биде.“

2. Или има празнина која треба да се пополни или пак има дел од градите кој нема каде да оди – „Не треба да постои нешто измеѓу тие две крајности?“

3. Кога немате идеја колку често треба да го перете – „Па веројатно кога веќе почнува да мириса“, што ѝ наликува на една девојка и плус успева секој пат.

4. Да го ставите во машина за перење е како да го мачите додека конечно не се предаде и не умре – „…И токму затоа одлучувам да го перам кога ќе почне да мириса. Не можам да ризикувам смрт само затоа што го носев еден ден, а има и друга алтернатива…“

5. Рачно перење – „Нема шанси да го ставам во лавабото да се кисне, па да го истријам 30 секунди и целата нечистотија магично да ја снема.“ Па перењето на рака е пердув лесно.

6. Градници без прерамки – „Дали некогаш не го изневериле женскиот род? Не, нема таков случај.“

7. Кога ја чувствувате потта во градникот, а не можете ништо да направите – И потоа го тргате и гледате траги од пот кои не можат да се отстранат дури ни со перење. Не дај Боже!

8. Глупавите прерамки кои постојано паѓаат или се премногу тесни, извртени или пак никако не си ја вршат функцијата – „Како тоа сѐ уште нема решение на овој проблем?!“

9. Кога купувате градник, но вашите гради се со малку различна големина, па не ви се погодува ниеден понуден модел – И им се обраќате на вашите гради „Океј која од вас ќе излегува, а која ќе ‘плива’?“

10. Фактот дека нема градник на целата планета Земја кој не се проѕира преку облеката – „Тантелен? Се проѕира. Бабин градник? Понекогаш да, и тој се проѕира. Оние кои имаат малечки панделки на средина? Секако.“

11. Облекувањето спортски градник треба да биде Олимписка дисциплина – „Натпреварувачката број 1 се обидува да го облече градникот преку главата, а сега и преку рацете. Ајде сега да гледаме како ги крева нејзините гради за тие да бидат високо позиционирани со цел да може да го свлече градникот врз нив и да ги згмечи. Вау, навистина дише тешко.“

12. Кога читате статија за тоа колку често треба да купувате нов – Додека истовремено носите градник кој е, хм, пет години стар? Исто како и сите градници кои ги поседувате.

13. Кога ве мерат за градник и ви кажуваат дека носите погрешен број околу 20 години – „Се прашувам каков ќе ми беше животот ако ја знаев оваа информација порано.“ Но, годините си заминаа.

14. Кога вашиот омилен градник ја губи еластичноста, жицата излегува и настанува масакр – Но вие сепак го носите, иако знаете дека не треба.

15. Егзистенцијалната потреба да го откинете од вашето тело истата секунда кога ќе стигнете дома – И како да не испуштите „КОНЕЧНООО!!!“ секој пат кога го оттргнувате од градите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар