Претходно
15 проблеми кои можат да ги разберат само девојките со кадрава коса
Животот на девојките со кадрава коса е далеку од едноставен. Тие понекогаш чувствуваат како таа да има сопствен ум и како да го прави она што сака да го прави, воопшто не слушајќи ги нивните инструкции. Ако немате кадрава коса, а ја посакувате, тогаш можеби овие проблеми ќе ви го сменат размислувањето. Од друга страна пак, ако вие сте една од оние девојки кои имаат бујни локни, тогаш со сигурност ќе се пронајдете во следниве ситуации…
1. Кога по грешка ќе ја скратите вашата коса премногу кратко и ќе изгледате како нечие домашно милениче.
2. За вас шишки никогаш не се добра опција.
3. Влажноста на воздухот само дополнително ги зголемува вашите локни.
4. Во истиот момент кога ќе излезете од вашиот дом за време на топол летен ден, вашата коса се трансформира од ова…
…во ова!
5. Оние денови кога се будите и изгледате… Па, вака…
6. Сте го пробале секој продукт за полесно чешлање на косата кој му е познат на човекот, но ниту еден не ви покажал позитивни резултати.
7. Потребно е да чекате цел ден за вашата коса да се исуши.
8. Кога луѓето ви даваат комплимент за вашата коса додека е права, вие не знаете дали да бидете поласкани или навредени.
9. Хоророт кој го чувствувате кога вашите локни ќе се заплеткаат.
10. Скоро и да немате добри денови за вашата коса.
11. Вие очекувате вашите локни да изгледаат вака…
…но, реално тие изгледаат вака!
12. Стравот кој го чувствувате кога одите на фризер кај личност која не го разбира вашиот вид коса.
13. Кога слушате како вашата пријателка се жали дека нејзината коса е премногу права.
14. Или пак, кога луѓето ви велат дека ги посакуваат вашите локни.
15. Едно е сигурно, што и да направите, вашата коса секогаш ќе си тера по свое…