15 прекрасни клише љубовни изреки кои секој потајно сака да ги слушне од својот партнер
Колку и да се правиме дека не е така, не постои личност на светот која не би се израдувала на зборови полни љубов од својот партнер. И иако уникатноста во романтиката е бесценета, оние простите и едноставни клише изреки секогаш доста добро си ја завршуваат работата. Меѓу најубавите и најпознатите се следниве 15 со кои сигурно нема да погрешите.
„Сакам да бидам со тебе. Толку е и едноставно и комплицирано.“ – Чарлс Буковски
„Кога сакаше да ја фотографира, не ѝ рече да се насмее, туку ѝ рече ‘Те сакам’ и нејзината насмевка беше поубава.“ – Анонимен
„Заведи го мојот ум и го имаш моето тело, пронајди ја мојата душа и твоја сум засекогаш.“ – М. Д. Вотерс
„Некогаш не можеш да објасниш што гледаш во некого. Едноставно станува збор за начинот на кој тој те носи на место на кое никој друг не може.“ – Анонимен
„Беше убава, но не како оние девојки во списанијата. Беше убава поради начинот на кој размислуваше. Беше убава поради искрата во нејзините очи кога зборуваше за нешто што го сака. Беше убава поради нејзината способност да ги насмее луѓето, дури и ако таа беше тажна. Не, не беше убава поради нешто привремено како нејзиниот изглед. Беше убава, длабоко во нејзината душа. Таа е убава.“ – Ф. Скот. Фицџералд
„Жедна сум за тебе во најневината форма. Жедна сум да ти велам добра ноќ, да те бакнувам во челото и да ти кажувам дека те обожавам и кога се чувствуваш најлошо. Жедна сум за тебе на начин што само сакам да бидам до тебе и ништо повеќе или помалку.“ – Анонимен
„Во целиот свет, не постои срце за мене како твоето. Во целиот свет, не постои љубов за тебе како мојата.“ – Маја Анџелоу
„’Ова беше лош ден’, рече таа. ‘Кажи ми нешто убаво.’ И тој го кажа нејзиното име.“ – Анонимен
„Те сакам без да знам зошто или кога или каде. Те сакам едноставно, без проблеми или гордост. Те сакам на овој начин бидејќи не знам ниту еден друг начин на сакање освен овој, во кој нема јас или ти, толку интимен што твојата рака на моите гради е моја рака, толку интимен што кога јас заспивам, твоите очи се затвораат.“ – Пабло Неруда
„Кога ти кажувам дека те сакам, не го кажувам тоа од навика. Го кажувам за да те потсетам дека ти си најдоброто нешто кое некогаш ми се случило.“ – Анонимен
„Твојата љубов е бура која ја бркав по небото, момент во твоите раце е причината за тоа. Само ти си мојата светлина, би дал сѐ да те почувствувам во моите раце вечерва.“ – Џозеф А. Томпсон
„Дури и да го поминам цел ден со тебе, ми недостигаш уште од моментот кога ќе заминеш.“ – Анонимен
„Јас сум во тебе и ти си во мене, заеднички во божествена љубов.“ – Вилијам Блејк
„Некогаш не можам да се видам себеси кога сум со тебе. Можам да те видам само тебе.“ – Анонимен
„Го имав во тебе тоа што ангелите го имаат во јасните, сини неба. Го најдов во тебе тоа кое луѓето го чекаат целиот свој живот.“ – Анита Кризан