15 неверојатни материјали кои навистина постојат - Part 2

15 неверојатни материјали кои навистина постојат

8. Хидрогел

(8)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Овој материјал се користи во медицината. Тој ја менува својата големина во зависност од температурата. Овој ефект е толку очигледен што материјалот изгледа како да е жив.

9. Материјали кои сами се поправаат

(9)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Овие супстанци е невозможно да ги уништите, и веќе се користат за маски за смартфони, градежни материјали, како и во медицината. Нивната тајна е во микрокапсулите од бактерии кои се активираат кога материјалот ќе се оштети. Тие ги полнат пукнатините на структурата. Се очекува овој материјал да се користи за изградба на патишта.

10. Суперсилниот материјал кој е 7,5 пати полесен од воздухот

(10)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Аерогелот е иновативен материјал чија основа е графинот и има неколку уникатни својства – тој е тврд, транспарентен, огноотпорен и е издржлив на многу високи температури. Покрај тоа, тој е само 1,5 пати погуст од воздухот и 500 пати помалку густ од водата. Ова е можеби една од најскапите супстанци – едно парче колку вашата дланка чини околу 100 долари.

11. Најактивниот метал на земјата

(11)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Цезиумот е еден од најактивните метали на земјата. Неговата точка на топење е многу ниска (29 степени Целзиусови) и се топи дури и кога го држите во рака. Кога ќе го оставите настрана, металот се стврднува и создава прекрасни кристали. Овој метал се користи како напојување за атомските часовници – најпрецизните часовници во светот.

12. Магнетен пластелин

(12)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Овој „пластелин“ содржи мали микромагнети кои добиваат полнеж кога се околу некој друг магнет. Најчесто се продава како играчка.

13. Графин

(13)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Едноставно кажано, графинот е тенок слој од чист јаглерод кој има потенцијал да го промени електронското инженерство. Графинот е многу подобар спроводник од бакарот. Тој е 200 пати посилен од челикот, но 6 пати полесен. Речиси е транспарентен бидејќи апсорбира само 2% од светлината.

14. Плутониум

(14)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Плутониумот спаѓа во најопасните супстанци. Тој е толку радиоактивен што доволно е да бидете во негова близина за да ги почувствувате штетните последици. Можеби го имате видено во некој филм како светло зелена опасна супстанца, но во реалноста не изгледа така.

15. Жива

(15)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Живата многу се користи во медицината и хемијата. На фотографијата е прикажана реакција помеѓу алуминиум и жива. Со текот на времето распаднатата жива создава кршлива „трева“, или влакна врз алуминиумот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар