15 неверојатни материјали кои навистина постојат

15 неверојатни материјали кои навистина постојат

Научниците се како модерни магионичари кои прават трикови кои понекогаш им пркосат на законите на физиката. „Паметните“ супстанци можат да ја менуваат својата форма во зависност од надворешните услови, можат од гасови да станат тврди метали, па дури и да замрзнат на високи температури. Овие неверојатни материјали ќе ви докажат дека иднината сепак е овде.

1. Хидрофобични материјали

(1)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Овие материјали се користат како заштитен слој против вода, други течности и нечистотии. Тој е составени од наночестички на силициум диоксид и титан. Овие материјали веќе се користат како хидрофобични спрејови и гелови за облека, обувки, градежни материјали, па дури и за чистење на океаните.

2. Гас кој се однесува како вода

(2)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Хексафлуоридот, или SF6, е 5 пати потежок од воздухот. Тој не излегува од својот сад, а на него може да „пловат“ полесни предмети. Овој гас има и уште еден интересен ефект – го снижува тонот на вашиот глас. Една голтка од гасот и ќе зборувате како Дарт Вејдер.

3. Метал кој се топи на дланка

(3)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Можеби на часовите по хемија сте виделе некој течен метал, но металот кој се топи на собна температура е нешто сосем поразлично. Во жешка вода, пак, предметите направени од галиум се топат пред вашите очи. Ако алуминиумот стапи во контакт со овој метал, станува кршлив. И покрај ова, галиумската легура се користи во технологијата.

4. Прав кој експлодира

(4)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Азот тријодид и фулминирачко сребро се материјали кои сè уште немаат некаква примена во индустријата. Тие се премногу опасни за пренесување бидејќи многу лесно експлодираат и се претвораат во шарени облаци од чад. Иако изгледаат интересно, сепак сега за сега се бескорисни.

5. Метал со памтење

(5)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Предметите направени од нитинол – легура од титан и никел, ја помнат нивната оригинална форма. Кога ќе ги загреете си се враќаат во првобитната форма.

6. Програмибилно дрво

(6)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Кој би помислил дека помеѓу паметните материјали ќе се најде и дрвото? Научниците од институтот за технологија во Масачусетс со помош на 4Д печатење создале дрвен ламинат кој зазема посебна форма кога ќе се натопи со вода.

7. Жежок мраз

(7)15-neverojatni-materijali-koi-navistina-postojat-kafepauza.mk

Оваа супстанца е наречена натриум ацетат и се претвора од течност во кристал и при најмало влијание. Надворешно не можете да ја разликувате од обичен мраз, а всушност е многу топла.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар