15 нешта за кои мислите дека се добри идеи само кога сте пијани

15 нешта за кои мислите дека се добри идеи само кога сте пијани

Пијанството е чудна работа, урнебесно смешна за трезните или полу-трезните околу вас. Секој реагира различно кога е пијан и секој има повеќе стадиуми на пијанство. Но некои навистина луди идеи ни изгледаат сосема добри и логични кога не сме при здрав разум. Еве некои од нив.

15 нешта за кои мислите дека се добри идеи само кога сте пијани

1. Флертување со сомнителен тип кој се ѕвери во вас цела вечер.

2. Соблекување на штиклите среде дискотека.

15 нешта за кои мислите дека се добри идеи само кога сте пијани

3. Изведување „секси“ и тотално провокативен танц без претходно разработена кореографија.

15 нешта за кои мислите дека се добри идеи само кога сте пијани

4. Сликање селфи со твоите другарки/другари иако веќе 3 часа играте во преполна дискотека. Мислите дека сликите ќе испаднат добро, но реалноста е дека вашата шминка е размачкана а фризурата уништена.

5. Стоење на сепаре, шанк или на која било друга површина освен на подот.

6. Бакнување непознати лица и јавно признавање колку ги сакате оние околу вас, како и исповедување за тоа како се чувствувате во моментот.

15 нешта за кои мислите дека се добри идеи само кога сте пијани

7. Покажување на долната облека.

8. Постирање фотки на социјалните мрежи од лице место. Голема грешка, не ги гледате фотографиите вистински, а голема е веројатноста да откриете нешто повеќе.

15 нешта за кои мислите дека се добри идеи само кога сте пијани

9. Играње на шипка која по некоја случајност се нашла до вас.

10. Онлајн шопинг. Опасна работа.

15 нешта за кои мислите дека се добри идеи само кога сте пијани

11. Враќање дома со јавен превоз за да заштедите на такси. Или, уште полошо, возење зашто мислите дека само малку сте се поднапиле, инаку имате контрола.

12. Готвење. Поради гладот што го чувствувате штом ќе се вратите дома. Сега сте во кујна во 4 наутро. Сериозно, може да запалите нешто.

13. Дозволување на некој 20 години постар од вас да ве чести пијачка.

15 нешта за кои мислите дека се добри идеи само кога сте пијани

14. Одење во тоалет за да си ја поправите шминката. Уште полошо, поправање на шминката на лице место без огледало.

15. Караоке.

15 нешта за кои мислите дека се добри идеи само кога сте пијани


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар