15 нешта кои ги предизвикуваат луѓето околу вас и ве тераат да си ја мразите висината

15 нешта што ги прават луѓето околу вас поради кои си ја мразите висината

Да се биде низок понекогаш е забавно, а понекогаш некој може да ви ја одземе таа забава и да ве натера да си ја мразите сопствената висина. Верувајте дека има убавина во ниските луѓе, а тие имаат и предности – туниката можат да ја носат како фустан, можат да купуваат облека од одделот за деца (која, за ваша информација, е многу поевтина), имаат подобри атлетски способности и сл.

0-15-neshta-shto-gi-pravat-lugjeto-i-poradi-toa-si-ja-mrazite-visinata-kafepauza.mk

Висината не треба да ви претставува комплекс, нити треба да им дозволувате на луѓето да ви набиваат комплекси. Вие сте прекрасни, без разлика дали сте високи 150 или 170 сантиметри. А тоа треба да го согледаат и луѓето околу вас. Ова се дел од нештата кои, ако и вие спаѓате во категоријата ниски личности, сигурно ве нервираат.

1. Кога влегувате на интервју за работа и се грижите дека нема да бидете сфатени сериозно.

2. Кога луѓето ве прашуваат кое одделение сте (дури и ако сте завршиле факултет).

3. Кога луѓето сметаат дека можат да ви ја галат главата затоа што им е на дофат.

4. Кога луѓето кои не ве познаваат се потпираат на вас.

5. Кога луѓето околу вас ве прашуваат дали ви смета што сте ниски.

6. Кога треба сите пантолони да ги кратите, иако во ширина ви се точни.

7. Кога ќе ве поттурнат „затоа што не ве виделе“ – што во превод значи дека не би требало да пишуваат на телефон и да одат во исто време.

8. Кога ќе ве замолат да ги слечете потпетиците за да видат колку навистина сте високи.

9. Кога ве нарекуваат „џуџе“ и притоа не ве навредуваат туку само ве иритираат.

10. Кога списанијата ви препорачуваат да одбегнувате одредени парчиња и стилови само затоа што нема да ѝ прилегаат на вашата силуета.

11. Кога ќе ви кажат дека изгледате помладо поради вашата висина.

12. Кога луѓето мислат дека е ужасно да си низок. (Не, не е ужасно, за ваша информација).

13. Кога не можете да го гледате филмот затоа што пред вас седи повисока личност.

14. Кога не изгледате добро во здолништа и фустани кои се со должина до коленици.

15. Кога ќе ви речат дека изгледате како помлади заради вашата висина (Откритие: и на 50 години ќе бидете исто високи, можеби дури и пониски)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар