15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција - Part 3

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

11. Училиште кое промовира разбирање и креативност, Њујорк, САД

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Основачите на оваа образовна институција веруваат дека училиштето треба да биде како игралиште. Според нив, таквиот пристап ги охрабрува учениците да посветат повеќе време на учење. Децата од второ до осмо одделение дискутираат за тоа како да го подобрат процесот на рециклирање, креираат 3Д модели на Њујорк и прават уште многу други забавни работи кои ја развиваат нивната детска љубопитност.

12. Училиште каде децата учат на планини и во пештери, Стокхолм, Шведска

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Мали се шансите дека на децата ќе им биде здодевно во ова училиште, бидејќи благодарение на искусните дизајнери, тоа личи на магичен свет каде што тие можат да се искачуваат на планини, да истражуваат пештери и да разговараат под дрвја. Тука нема да најдете ниту една училница, бидејќи таа е еден огромен отворен простор. Учениците користат компјутери за да ги завршат нивните задачи, а наставниот план вклучува музика, танц и уметност.

13. Училиште без училишни предмети, Торонто, Канада

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Тука учениците се на исто рамниште со наставниците. Наставниците имаат улога на набљудувачи кои можат само да ги советуваат учениците, но не и да ги присилуваат на нешто. Нема домашни задачи, оценување или строги распореди. Учениците, без разлика на нивната возраст, присуствуваат само на часовите кои им се допаѓаат. Децата исто така имаат слобода да одлучат како сакаат да го поминат нивниот училишен ден и што да прават.

14. „Најзеленото“ училиште во светот, Франција

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

Изгледа како секој метар квадратен од ова училиште да е дел од некој тревник. Покривот на зградата и сите дворови се покриени со трева. Се верува дека седењето во училница полна со прашина е штетно и учениците треба да поминуваат што е можно повеќе време надвор на воздух. Кога времето е топло, часовите се одржуваат надвор на тревниците.

15. Училиште каде не постои притисок и стрес, Еспо, Финска

15 навистина необични училишта на кои само Хогвартс може да им биде конкуренција

За време на часовите, учениците имаат слобода да седат каде сакаат и да разговараат со нивните пријатели. Можат дури и да скокаат на столчињата или да си прилегнат на каучот, ако се уморни. Атмосферата во училницата е многу позитивна и опуштена. Училиштето има библиотека, сала за вежбање, сала за собири и клуб за млади.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар