15 навистина необични работни места

15 навистина необични работни места

Премногу луѓе го мразат своето работно место, но можеби и вие ги разбирате. Кој сака да поминува 8 часа во канцеларија пишувајќи на тастатура? За среќа, не се сите работни места здодевни. Па ако сакате да ја промените кариерата и барате нешто необично и возбудливо, можеби оваа листа ќе ви помогне во тоа.

1. Професионална сирена

(1)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

На прв поглед можеби изгледа како ова да е работа за модели. Но, работата на професионалните сирени е многу повеќе од тоа да изгледаат убаво. Тие не само што треба да знаат да пливаат со вештачката перка, туку треба да можат да го држат воздухот многу долго време. Понекогаш треба да пливаат и помеѓу медузи и ајкули. Ако сте добар пливач, можеби оваа кариера е одлична за вас.

2. Живи кукли за излог

(2)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Бидејќи онлајн купувањето станува сè попопуларно, на продавниците им станува тешко да привлечат муштерии. Некои продавници за облека се навистина креативни во намерата да ги натераат луѓето да продолжат да купуваат од таму наместо од Интернет, па користат луѓе како живи кукли за изложување на облеката. Ако можете да стоите мирно долго време и лесно се справувате со неудобноста, оваа работа е совршена за вас.

3. Човек што тестира покуќнина

(3)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Овие луѓе навистина го пронашле совршеното работно место. Нив ги плаќаат за да седат или лежат на кревети, каучи и друга покуќнина со цел да се осигурат дека се удобни. Понекогаш кога тестираат кревети, тие дури и преспиваат во текот на работното време бидејќи производителите треба да знаат дали нивниот производ е доволно удобен за спиење.

4. Човек што тестира играчки за возрасни

(4)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Како и сите производи, така и играчките за возрасни мора да бидат тестирани, па затоа и постои ова работно место. Компаниите ви ги праќаат нивните производи, а вие ги тестирате. Кога ќе завршите го оценувате вашето „задоволство“ користејќи ја скалата која ќе ви ја даде компанијата.

5. Мирисач на пазуви

(5)15-navistina-neobichni-rabotni-mesta-kafepauza.mk

Компаниите за дезодоранси вработуваат „мирисачи на пазуви“ за да ја тестираат ефикасноста на нивните производи. Група луѓе ги користи дезодорансите, а потоа изведуваат некаква физичка активност за да се испотат. Вашата работа би била да ги мирисате нивните пазуви и да откриете дали производот е ефикасен.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар