15 најубави затвори ширум светот
Не се сите затвори стари и грди како оние во Македонија. Во светот постојат и некои убави затвори кои, како што знаете, се поубави од сите студентски домови во нашата земја. Овие 15 се доказ за тоа.
1. Халден, Норвешка
Ќелиите се опремени со најнов мебел, а имаат и телевизори и фрижидери.
2. Отаго во Милтон, Нов Зеланд
Меѓу криминалците е познат како Милтон Хилтон, затоа што е луксузен во споредба со поголемиот дел од затворите во светот. Ќелиите имаат подно греење, а надвор има големо рагби игралиште.
3. Суоменлина во Хелсинки, Финска
Суоменлина е остров на кој е сместен еден од ретките затвори од отворен тип. Таму никој не е заклучен. Сите живеат во куќи и можат да се занимаваат со некаков тип градежништво додека отслужуваат.
4. Кинченг, Кина
Затворите во Кина не се познати по својот луксуз, но кога се работи за затвореници кои порано работеле за кинеската влада, работите стојат поинаку. Тие служат во Кинченг, затвор сместен помеѓу живописни планини во кој има HD телевизори и свежо овошје.
5. Аранхуез, Шпанија
Затворот во шпанскиот град Аранхуез е создаден за родителите. На нивните деца им е дозволено да останат со нив во „ќелиите со пет ѕвездички“, кои се исполнети со играчки и сето она што му е потребно на едно дете.
6. Сан Педро во Ла Паз, Боливија
Затворот Сан Педро е уникатен. Тој функционира како мини-град во кој луѓето живеат во заедници кои имаат свои водачи. Градот-затвор е исполнет и со бизниси и кафулиња, а има и цели семејства кои живеат таму.
7. Адивел, Шкотска
Адивел става акцент на рехабилитацијата наместо на казнувањето, па затоа нуди одлични услови во кои затворениците живеат и работат додека стекнуваат нови навики пред да се вратат назад во општеството.
8. Затворот во Сан Антонио, Венецуела
Овој затвор е познат како место за одржување забави. Постојано се случува нешто, а дозволено е и да доаѓаат гости кои не отслужуваат казна. Покрај тоа има и место за правење скара и базени. Освен вооружените стражари на вратата, овде ништо друго не потсетува на затвор.
9. Форест Банк во Манчестер, Англија
Од затворот се фалат дека затворениците овде добиваат до пет луксузни оброци секој ден, при што може да избираат од обемното мени со специјалитети со месо, пијалаци, десерт и сл.
10. Бастој, Норвешка
Ненасилните затвореници во Норвешка може да завршат на островот Бастој. Овој мал живописен остров-затвор им нуди убави оброци, јавање на коњи и крос-кантри скијање. Не се затворени во ќелии, туку преноќуваат во дрвени колиби.
11. Солентуна, Швајцарија
Затворот Солентуна изгледа многу модерно. Ова на сликата е кујната вo која затворениците можат да поминат откако ќе се испотат во фитнес салата.
12. Јанктон, Јужна Дакота
Некогашниот прекрасен универзитетски кампус денеска служи како затвор. Затворениците можат да уживаат во пространите градини и да престојуваат во студентскиот сом.
13. Пондок Бамбу во Џакарта, Индонезија
Овој женски затвор е одлично опремен. Таму се одржуваат караоке забави и курсеви за изработка на накит, а најдобрите затворенички добиваат и маникир.
14. Затворот во Леобен, Австрија
Секоја ќелија има свое купатило и кујна. Собите личат на хотелски, а не на затворски.
15. Кордилјера во Сантјаго, Чиле
Затворот Кордилјера всушност е збир на куќи кои имаат базени и простор за правење скара. Секоја од собите има своја бања.
Порчитајте и за некогаш озлогласените затвори кои денес се претворени во туристички атракции.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.