15 начини на кои универзумот ви праќа пораки
Ние не сме изолирани суштества, отсечени од остатокот на светот. Многу луѓе веруваат дека ние сме поврзани со универзумот на безброј испреплетени начини преку кои тој може да ни праќа пораки. Сигурно ви се случило да наидете на многу од нив во текот на вашиот живот, а можеби не сте препознале за што станува збор. Можеби ги сметате за случајности, но постои веројатност дека станува збор за знаци од универзумот пратени со цел да ви го покажат патот на еден или друг начин. Доколку верувате во оваа теорија, прочитајте ги следниве 15 начини на кои универзумот ви праќа пораки…
1. Искуства кои се повторуваат
Сте забележале ли дека понекогаш ви се случува истата работа одново и одново? Можеби постојано го истурате пијалакот, го удирате прстот или го губите телефонот. Секоја од овие работи може да има подлабоко значење кое не е очигледно од прв поглед.
2. Соништа
Вашиот несвесен ум е делот кој е најотворен за примање пораки од универзумот. Пораките често се пренесуваат токму преку соништата. Кога спиеме, се соединуваме со нашата потсвест доволно долго за да можеме да ја апсорбираме пораката испратена од универзумот.
3. Животни
Природниот свет има многу начини на кои може да ни испраќа пораки, а тоа обично се случува преку животните. Кога постојано гледаме одредено животно или животинско однесување, тоа може да укажува на нашите неисполнети желби или да ги претскажува настаните кои следуваат. На пример, ако постојано забележувате јато птици како летаат високо на небото, тоа може да е знак дека имате потреба од патување и бегство.
4. Броеви
Броевите се човечко дело, но можат да бидат и вид на комуникација со универзумот. Броевите кои се повторуваат како што се 11:11 или последователните броеви како 1, 2, 3, може да носат скриено значење кое треба да го дешифрирате.
5. Синхроницитет
Сигурно сте го доживеале ова многу пати. Мислите на некого и по кратко време, таа личност ви се јавува, ви праќа порака или налетувате на неа лично. Најчесто, тоа е знак дека сте на прав пат. На тој начин универзумот ви потврдува дека вашите мисли совршено се согласуваат со вашата идна реалност.
6. Губење, наоѓање или кршење предмети
Нашиот однос со работите кои ги поседуваме е многу силен и не е чудно што универзумот може да ни испраќа пораки преку нив. Кога нешто ќе изгубиме, најдеме или скршиме, тоа може да значи многу работи. Наоѓањето работи се случува за да ја зголеми меморијата во вашиот ум, а кршењето предмети е знак дека мора да се ослободите од нешто.
7. Зборови и реченици кои се повторуваат
Слично како со искуствата кои се повторуваат во краток временски период, кога постојано налетувате на одреден збор или израз, тоа обично има некое значење. Можеби станува збор за многу специфична порака. Сметајте ги тие зборови како траги кои ќе ви помогнат да разберете за што се работи.
8. Болки и болести
Болката не мора секогаш да е последица на некој одреден инцидент, ниту, пак, болестите мора да потекнуваат од некој очигледен извор. Сепак, не е невообичаено овие појави да симболизираат нешто друго во вашиот живот. Локацијата на болката или видот на болестот може да имаат скриено значење, нешто на кое би требало да обрнете внимание.
9. Песни, музика, зборови
Дали некогаш сте се разбудиле со одредена песна во вашата глава? Или сте работеле нешто и одеднаш сте чуле одреден дел од песна? Нашиот ум често создава сложена поврзаност помеѓу музиката и нашите чувства. Универзумот можеби користи одредени песни или зборови за да ви пренесе важни информации.
10. Временски појави
Не се важни самите временски појави, туку она што ќе го забележите и моментот кога ќе го забележите. Доколку вашето внимание го привлекуваат грмотевиците, тоа е знак дека треба да направите пауза од она што го правите. Исто така, доколку копнеете по одредена временска појава, тоа може да каже многу за вашата умствена состојба. Ако посакувате невреме на пример, тоа би можело да значи дека чувствувате потреба да ги исчистите неодамнешните случувања и да се ослободите од нив.
11. Неочекувани средби
Дали некогаш сте се сретнале со некоја личност која можела да ви помогне со вашите тогашни проблеми? Можеби само што сте одлучиле да дадете отказ на работа за да станете личен тренер и потоа на некоја забава запознавате личност која го направила истото неколку години претходно. На овој начин универзумот ви говори дали е тоа вистинскиот или погрешниот пат за вас, во зависност од ситуацијата.
12. Чувства
Нашите чувства можат да бидат многу важни гласници и понекогаш ни кажуваат работи од големо значење. На пример, ако се наоѓате на безбедно место, но одеднаш почнувате да чувствувате необјаснив страв и нервоза, можеби постои добра причина зошто би требало да бидете внимателни.
13. Необични и нови зборови
Универзумот можеби сака да ви пренесе одредена порака со тоа што ве изложува на необични, нови зборови кои ќе ве сопрат за момент. Кога ќе наидете на збор чие значење не го знаете или чуете зборови кои долго време не сте ги чуле во говорот, тоа може да е знак дека треба да обрнете внимание.
14. Мирис
Нашиот ум поврзува одредени луѓе и настани со различни мириси во текот на нашиот живот. Можеби нема да бидете свесни дека воопшто постојат тие врски, сѐ додека не се сретнете со неочекуван мирис кој создава силна слика во вашиот ум. Кога ќе наидете на некој необичен мирис, можеби универзумот се обидува да ве потсети на нешто или некој кој е од особено значење за ситуацијата со која се соочувате во реалноста.
15. Чувство на пеперутки во стомакот
Чувството на пеперутки во стомакот е уште еден потенцијален гласник на кој би требало да обрнете внимание. Вашиот инстинкт и интуиција често се изразуваат преку чувството во стомакот и тоа чувство е производ на активниот несвесен ум кој ја пренесува пораката од универзумот.
Без разлика на тоа дали верувате во тоа дека универзумот ви испраќа пораки или не, нема сомнеж дека ова е навистина интересна теорија која би требало да се има предвид со цел да се одбегнат погрешните одлуки и избори.