15 начини на кои неодлучните луѓе си го прават животот потежок одошто треба
Тешко е да се биде неодлучна личност. Но, овие луѓе со одредени свои однесувања ги прават работите уште потешки и покомплицирани за себе и за оние околу нив. Погледнете ги следниве 15 нешта поради кои неодлучните луѓе претерано си го отежнуваат својот живот.
1. Никогаш и никому не давате одлучен совет. Вие можете да им предложите неколку можности, па да ги оставите тие понатаму самите да ги разгледуваат сите аргументи.
2. Не можете да се наречете себеси „фан“ на што било, бидејќи ви изгледа како огромна обврска. На пример, вам ви се допаднал тој филм, но не знаете што да кажете за крајот. Или пак, мислите дека ви се допаѓа музиката на тој бенд, но сепак не сте сигурни.
3. Имате многу вештини, но ниту една од нив не е завршување на нештата до крај. Вие имате потешкотии кога станува збор за завршување на сите оние нешта кои истовремено сте ги почнале бидејќи едноставно немате доволно време.
4. Постојат многу нешта кои сакате да ги видите, но никако не можете да се одлучите да тргнете. И не станува збор за бегање од вашата удобна зона, туку поради фактот што едноставно не знаете како да одберете од каде да почнете.
5. Возрасните не би требало да губат толку време на облекување. Вие знаете со часови да се пресоблекувате бидејќи едноставно не можете да одлучите што е најсоодветно за денот.
6. Потребна ви е цела вечност да составите статус, твит, порака, фотографија за Инстаграм… Постојат премногу фактори кои треба да се земат в предвид, па токму затоа и губите многу време во одбирањето на соодветните зборови или филтри.
7. Откако ќе се запознаете со нова личност, 800 пати го повторувате вашиот разговор во глава со цел да проверите да не сте кажале нешто погрешно. И постои голема шанса да најдете грешка која ќе резултира со несоница и размислување за другите начини на кои сте можеле да го одговорите тоа прашање.
8. Шопингот за вас е хорор. Без разлика дали станува збор за облека или пак, за намирници, вам ви е потребно барем 3 часа повеќе од останатите луѓе бидејќи не можете лесно да се одлучите за ништо.
9. Толку брзо вртите телевизиски или радио канали што не ни можете да забележите дали има нешто добро или не. Најчесто ова дури и несвесно го правите.
10. Вие сигурно сте личност која претерано се грижи за задоволување на туѓите потреби. Вие не сакате луѓето да бидат разочарани од вашите избори, па токму затоа и секогаш ги земате во предвид мислењата на оние околу вас.
11. Кога треба да донесете одлука, ги повлекувате сите со себе. Мислењето на другите го користите како водич без кој никако не би можеле да дојдете до соодветниот заклучок.
12. Не почнувате со физичка активност бидејќи не можете да се одлучите со што да почнете. Јога, аеробик, фитнес…?
13. Не сте способни да одберете ресторан. Вие би сакале да го препорачате вашиот омилен ресторан, но подобро е да почекате некој друг да го предложи и вие да прифатите со цел да не делувате наметливо.
14. Потребно е сериозно дебатирање за големите животни обврзувања. Вие не можете спонтано да ставите тетоважа или пак, да купите билет до Париз. Дури и кога станува збор за љубовната врска, вие никогаш не можете само да го следите вашето срце, доколку и разумот не го поддржува. Поради истата причина немате ни домашно милениче, бидејќи не сте сигурни дали истото ќе го сакате и во следните 15-тина година.
15. Кога конечно ќе направите одлука, вие поминувате исклучително многу време каејќи се за неа. И едноставно не можете да не се запрашате дали е премногу доцна да си го промените мислењето.