15 мудрости од Аристотел

15 мудрости од Аристотел

Невозможно е преку само еден пост да се пренесат ниту основите на Аристотеловите учења. Овие 15 цитати служат само да ве инспирираат и да ви бидат насока за понатамошно размислување.

15 мудрости од Аристотел

„Моралната изврсност е резултат на навика. Стануваме праведни чинејќи праведни дела, умерени преку чинење на умерени дела и храбри преку чинење на храбри дела.“

„Ние сме она што постојано го правиме. Оттаму, изврсноста не е чин, туку е навика.“

„Моралните особини кај нас не се формираат ниту природно ниту неприродно. Природата само го подготвува теренот за нивно прифаќање, а нивното целосно формирање е производ на навиката.“

„Оној што е пријател секому не е пријател никому.“

„Карактеристика на едуцираниот човек е да се занимава со некоја мисла без да ја прифати.“

„Ако можеме да сториме нешто, можеме и да не го сториме тоа.“

„Љубовта е една душа во две тела.“

„Храброста е најважниот човечки квалитет затоа што ги гарантира сите други.“

15 мудрости од Аристотел

„Образованиот се разликува од необразованиот како живиот од мртвиот.“

„Оној кој не се вклопува во општеството, или кому не му е потребен никој затоа што сам себеси си е доволен, мора да е или ѕвер или бог.“

„Целото е повеќе отколку збирот на неговите делови.“

„Природата ништо не прави за џабе.“

„Тоа што е блесок на денот за очите на лилјакот, тоа е и разумот во нашата душа за работите кои изгледаат најочигледни.“

„Мудриот не се изложува на непотребна опасност затоа што има малку нешта за кои доволно се грижи, но во тешки времиња спремен е да го даде и животот знаејќи дека под одредени услови не вреди да се живее.“

„Бегството од проблемите е форма на кукавичлук, така што иако самоубиството бара храброст за соочување со смртта, тоа не се прави поради некоја благородна причина туку за да се побегне од болката.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар