15 мисли што некои големи спанковци ги кажале кога веројатно многу им се спиело
Овие петнаесет цитати зрачат со љубов кон креветот и слаткиот сон, исто како што и вие го сакате вашиот мил кревет кога треба да станете за на работа или предавања.
„Ако сакаш да го оствариш неостварливиот сон, оди легни си.“ – Џоан Клемпнер
„Единствените зборови што ги разбирам наутро се ‘врати се во кревет’ и ‘сланина’.“ – Непознат
„Нема толку убаво изгрејсонце што може да ме натера да станам за да го видам.“ – Минди Кејлинг
„Никогаш не сум вежбал ништо друго освен спиење и одморање.“ – Марк Твен
„Чувството на поспаност кога не си во кревет и не можеш да стигнеш до него е најлошото чувство на светот.“ – Едгар Вотсон Хоу
„Сакам да спијам затоа што тоа е како временска машина до појадокот.“ – Непознат
„Обожавам да спијам. А ти? Нели е супер? Тоа навистина е најдоброто од двата света. Ем си жив, ем си несвесен.“ – Рита Раднер
„Луѓето што ’рчат секогаш заспиваат први.“ – Непознат
„Толку сум добар во спиењето, што можам да го правам тоа со затворени очи.“ – Непознат
„Спиењето е златниот синџир кој ги поврзува заедно нашите тела и здравјето.“ – Томас Декер
„Спијам осум часа на ден и барем десет часа на вечер.“ – Бил Хикс
„Имам состанок вечерва… со мојот кревет. Сигурно ќе спиеме заедно.“ – Непознат
„Ниеден ден не може да биде толку лош да не може да се поправи со една дремка.“ – Кери Сноу
„О, кревету! О, кревету! Прекрасен кревету! Ти рају на земјата за изморената глава.“ – Томас Худ
„Кога времињата се тешки, цврстите луѓе си дремнуваат.“ – Том Хоџкинсон