15 луѓе ги признаваат најчудните нешта што ги прават кога се сами
Секој човек има една или повеќе чудни навики од кои се срами, но кои му предизвикуваат огромно задоволство. Зборуваме за оние ситници, како грицкањето нотки или чепкањето во папокот, кои никој не би признал гласно дека ги прави, но сепак воопшто не размислува да прекине бидејќи едноставно му причинуваат позитивни чувства. Токму затоа и овие 15 личности решиле да ги споделат своите чудни навики со интернетот, со надеж дека ќе најдат истомисленици… Па, која е вашата чудна навика кога сте сами дома?
„Дали е нормално да добиете желба да скокнете од високо место секој пат кога гледате надолу од работ? Да бидеме на чисто, не размислувам за самоубиство!“
„Кога си зборам со себе… Не го користам моето вистинско име. Се нарекувам Сети. Моето име воопшто не ни наликува на ‘Сет’, но секој пат кога ќе се почувствувам засрамен, најчесто од сеќавање, почнувам гласно да си велам, во форма на пеење: ‘Сети е глупава риба, глупава риба, глупава риба…’ со цел да го пренасочам размислувањето на мојот мозок.“
„Имам 26 години и замислена пријателка. Нејзиното име е Кејси. Можам со часови да ѝ зборувам за моите проблеми, бидејќи таа е одличен слушател. Кејси прави да се чувствувам подобро.“
„Спијам со моите чорапи под мојата перница. Мислев дека тоа е сосема нормално, но на сите што сум им кажал делуваат збунето, па дури и зачудено.“
„Понекогаш ми паѓа жал за неживите предмети. Не можам да оставам предмет превртен наопаку со цел крвта да не му удри во главата, ниту пак сам, без ‘пријател’.“
„Кога зборувам со себеси, наместо ‘јас’ кажувам ‘ние’. Најчесто тоа звучи вака: ‘ОК, ние ќе си одиме дома и најпрво ќе ја завршиме нашата домашна задача’ или пак, ‘Ох леле, пак доцниме!’“
„Ги поврзувам броевите со бои. За мене 4 е сино, 6 е зелено, 5 е црвено. Не разбирам зошто.“
„Дали и некој од вас сака да си го стави прстот во папокот и потоа да го помириса?“
„Понекогаш го поминувам целиот мој месечен циклус без влошки или тампони, доколку немам дома. Наместо да купам, користам тоалетна хартија поставена во мојата долна облека. Ве молам кажете ми дека не сум единствена. Се чувствувам толку засрамено.“
„Доживувам треперење низ целото тело кога мокрам.“
„Откорнувам влакненца од носот со моите прсти. Знам дека би требало да ги кратам со ножици, но ми се допаѓа сензацијата која ја чувствувам кога ги вадам со моите раце.“
„Стискам мозолчиња, не затоа што сакам да ги нема, туку затоа што чувството на олеснување кое го доживувам додека го правам тоа е неверојатно.“
„Седам на обратната страна од тоалетот.“
„Ако го поставам мојот прст во папокот и мрдам наоколу, мојата вагина почнува да ме чеша.“
„Чувството кое го доживувам кога грицкам нокти не може да се опише со ништо друго.“