15 креативни рачно изработени новогодишни подароци со кои ќе ги израдувате најблиските
8. Портрет со водени боици
Научете го овој метод што ќе ви помогне на лесен начин да сликате портрети. Не мора да бидете одлични уметници! Ова е подарок што дефинитивно нема да биде заборавен.
9. Кутија со огледало
Секогаш можете да им најдете различна примена на кутиите, особено на тие што се олку убави. Како да направите таква? Погледнете ги следниве инструкции.
10. Бомби за капење
Многу е лесно да се направат бомби за капење. Единственото нешто што ви треба се потребните состојки.
11. Крема за раце
Сите луѓе би биле среќни кога би добиле ваков подарок, особено во зима. Кремите даваат влажност и ја заштитуваат кожата од ладното време.
12. Пилинг за тело
Пилингот за тело е еден од наједноставните подароци што можете да ги направите сами. Состојките може да бидат различни, па така слободно може да правите комбинации по желба. Обидете се да го направите овој пилинг за тело со лимета, лубеница и малина или пак овој со лаванда и чај.
13. Интересен тефтер
Ако не знаете што да подарите, одберете тефтер. На многу луѓе ќе им биде корисен овој подарок да почетокот од новата година. Купете го наједноставниот тефтер во продавницата и украсете го со панделки, бои, мрсни боици или плетки.
14. Календар
Употребете ги фотографиите од социјалните мрежи на вашите блиски за да им направите уникатен подарок. Направете календар за новата година! На сите ќе им се допадне.
15. Слатко пакетче
Нема да погрешите ако се одлучите за слатко пакетче спакувано во огромна тегла или кошничка. Можете да експериментирате со состојките што ќе ги ставите внатре. Пријателите и семејството сигурно ќе се израдуваат ако им ставите и чај или кафе.
Бидете целосно подготвени за празниците и завиткајте ги на креативен начин новогодишните подароци.