15 измами кои докажуваат дека луѓето ќе поверуваат во сè
Одвреме-навреме секој од нас сака да верува во магија. Сепак, сите знаеме дека самовилите не постојат и дека шпагетите не растат на дрвата. Дали ви се верува дека некои луѓе всушност поверувале во овие нешта? Погледнете колку е лесно да ја убедите масата во нешто сосема невозможно.
1. Мери Тофт, „мајка на зајаците“, 1726
Една жена од Англија успеала да ги збуни и измами докторите. Таа ги убедила дека родила зајаци. По 15-тото раѓање на зајак, измамата била откриена. По овој инцидент, луѓето им се смееле на докторите кои верувале дека жената може да го промени нејзиниот фетус со моќта на нејзините мисли.
2. Големата измама за месечината, 1835
Оваа измама се состои од 6 текстови објавени во The Sun, весник од Њујорк. Во текстот е опишан телескоп со кој научниците ја гледале површината на месечината и откриле хуманоиди со крила кои наликуваат на лилјаци. Измамата била откриена неколку недели по првата објава.
3. Џинот од Кардиф, 1869
Џинот е всушност скулптура од 3 метри која е претставена како остатоците од некој древен човек. Според легендата, двајца работници од Кардиф, Њујорк го откриле „телото“ додека копале бунар. Сопственикот на земјиштето каде што била најдена статуата тврдел дека некој Индијанец им наплаќал на луѓето за да го видат телото. Но, статуата била закопана од братот на сопственикот на земјиштето кој подоцна најмил мајстори за да ископаат бунар.
4. Компирот Меги Марфи, 1895
Легендата за компирот Меги Марфи настанала во Ловленд, Колорадо благодарение на главниот уредник на еден локален весник. Од дрво бил направен голем компир и се тврдело дека е одгледан од фармерот Џозеф Свен. Луѓето поверувале, па дури и му барале дел од компирот на Џозеф за и тие да го посадат.
5. Измамата Дреднот, 1919
Што мислите, колку луѓе на фотографијата се измамници? „Мажот“ на левата страна е всушност писателката Вирџинија Вулф. Мажот со мустаќите е Вилијам Хорас де Вер Кол, поет и лидер на оваа група. Групата успеала да ја натера кралската морнарица да ѝ го покаже воениот брод Дреднот на лажна делегација од Абисинија. Кога измамата била откриена, сите освен Вирџинија Вулф добиле симболична казна со удари по задникот. Но Кол изјавил дека офицерите би требало самите да се казнат бидејќи биле измамени.
Продолжува на следната страница…