15 интересни ситуации кои докажуваат дека мачките нè имаат како нивни миленици, а не обратно
Пред многу години, луѓето скоро и да не ги хранеле своите мачки, па тие морале самите да си обезбедат храна. Овие слатки меки животни го живееле својот живот покрај луѓето. Многу работи се промениле оттогаш и овие независни суштества успешно се скротени, но сепак, тие се сеќаваат на нивното минато.
Знаете колку тешко може да биде на луѓето кои решиле да имаат маче за пријател. Сопствениците на мачки од оваа листа имале можност на потешкиот начин да дознаат дека модерните претставници на семејството мачки се секогаш господари во домот.
1. Ловец
Мојата мачка изгледа ме презира затоа што ме гледа како ја напуштам куќата секое утро за да одам на лов, а се враќам после 8 часа само со чајно колаче.
2. Причина затоа што доцнам на работа е предењето на мојата мачка
Таа, предејќи: „Не мора да одиш никаде“.
3. Казна
Мојата мачка ме удри по раката затоа што го проверував телефонот. Таа лежеше покрај мене и беше лута бидејќи бев насочен кон телефонот, наместо да ѝ зборувам нејзе. Вообичаено, таа само станува и си оди, но денеска одлучи прво да ме удри.
4. Кога ќе ја отворите вратата на бањата во погрешно време:
5. „Многу е смешно. Да, не можеме да престанеме да се смееме.“
6. Будење
Моите мачки сфатија дека јас секогаш станувам откако ќе заѕвони мојот аларм. За да го спречат тоа, тие лежат на моите стапала. Сега го местам мојот аларм да ѕвони половина час порано, за да можеме да се погушкаме.
7. „Еј, зошто правиш врева?“
8. Родителска контрола
Вчера, мојата мачка седна на мојот компјутер, притисна некои од копчињата и инсталира родителска контрола. Ги советувам сите родители да го пробат ова, затоа што навистина успева. Не можев да го одблокирам ни мојот сопствен компјутер…
9. Кога пиете вода од тоалетот и конечно ќе добиете сличен сад за пиење…
10. Вежбање
Моите мачки имаат традиција: Секогаш кога сум во хоризонтална положба на креветот или на земја, тие веднаш доаѓаат и ме покриваат од 3 страни. Една од мачките најчесто седи на мојот стомак, а другите 2 од страните за да се сигурни дека нема да се подместам. Многу е слатко, но проблемот е во тоа што невозможно е да тренирам додека сум на земја. Па, претпоставувам дека треба да живеам без дефинирани стомачни мускули.
11. Кога не сте повеќе најмладиот член во семејството:
12. Таа само сакаше да проба малку овесна каша
13. Секретарка
„Мојата мачка секогаш ми кажува ако некој ме побарал додека не сум била во собата. Како го прави тоа? Многу едноставно. Доколку кога влегувам во соба таа лежи на мојот телефон, тоа значи дека сум пропуштил повик. Ако на телефонот е само нејзината опашка, значи сум добил порака.“
14. „Таа ме гледа на овој начин секогаш кога решавам да ја сменам постелнината.“
15. Диета
Моите пријатели побараа да ја чувам нивната мачка на кратко. Мачката е на диета, па тие и даваат мала количина на храна, во одредено време. Беше 22:00ч кога зедов парче пита од ладилникот и се подготвив да го јадам. Мачката ми се приближи и седна пред мене. Таа ме гледаше со неодобрување, како јас да сум на диета и тежам повеќе од нормално. И објаснив дека тоа е само пита со зелка и дека нема да и се допадне вкусот, но таа продолжуваше осудувачки да гледа во мене. Не можев да го јадам парчето пита. Земав некои бонбони, но приказната се повтори. За малку ќе снемав воздух поради начинот на кој таа гледаше во мене. Па така, не јадев ништо слатко или крцкаво 3 дена, иако многу ја сакам таа храна.
Можеби сакате да ги погледнете и 15 мачки кои нè натераа да помислиме дека се храна.