15 интересни и важни факти за фитнесот и здравјето
Дали знаевте дека нашиот мозок тежи 3 килограми и дека во текот на нашиот живот пешачиме дури 170.000 километри? Денес ви носиме неколку интересни факти кои ќе ве натераат да се замислите.
1. Човечкото тело има 650 мускули.
2. Срцето е најсилниот мускул во нашето тело.
3. Само 13% од мажите навистина можат да кажат за себе дека се фит.
4. Просечната личност во животот пешачи околу 113.000 километри.
5. Нашиот мозок тежи 3 килограми.
6. Кога сите мускули во нашето тело би се мрдале во иста насока, би можеле да подигнат товар тежок 25 тони.
7. Влакната во нашите мускули се потенки од влакната на нашата глава.
8. Една лименка газиран сок содржи околу 10 лажички шеќер.
9. Согоруваме повеќе калории во текот на 23 часа во кои не вежбаме, отколку во 1 час кој го минуваме во тренинг.
10. Не можеме да губиме килограми целејќи само кон одредени делови од телото.
11. Потешко е да „набиеме“ 10 килограми мускули, отколку да изгубиме 10 килограми сало.
12. Дури 80% од луѓето кои ќе започнат да вежбаат, се откажуваат. Истото важи и за луѓето кои започнуваат диети.
13. Што повеќе мускули имате, толку повеќе калории согорувате додека мирувате.
14. Редовното вежбање води и до подобар секс. Подобро изгледаме, поиздржливи сме и пофлексибилни, т.е. имаме поголема самодоверба.
15. Кога вежбаме на празен стомак, телото губи мускулна маса, а не сало.