15 интересни и лесни трикови за креативна игра на вашите деца
11. Голем чаршав под столчето за хранење
Многу родители откако ќе ги нахранат своите деца, не знаат од каде да почнат со расчистување на расфрланата храна. Иако тоа е релативно краток период од животот на секое дете, сепак, можете да си олесните со тоа што под столчето за хранење ќе поставите поголем пластичен или платнен чаршав, кој едноставно ќе го пребришете или истресете по ручекот или вечерата.
12. Самолепливи преврски како заштита од струја
Вообичаените мали медицински самолепливи преврски кои сите ги имаме по дома можете да ги поставите на штекерите, коишто секогаш се најинтересни за брцкање со малите прстиња.
13. Картонска кутија – извор на неизмерна радост
Следниот пат кога ќе купите нешто за вашиот дом, спакувано во поголема кутија, не брзајте да ја фрлите. Токму картонските кутии можат да бидат предмет на неколкучасовна занимација и игра, нешто во што вашите најмили ќе уживаат со задоволство.
14. Кутиите се радост и за родителите!
А кој вели дека само децата знаат да се радуваат на картонски кутии?!
15. Кошот за алишта – мини кадичка
Наместо постојано да го вадите посебното корито за бањање, многу често и пластичниот кош за алишта ќе заврши голема работа.