15 интересни и лесни трикови за креативна игра на вашите деца
6. Самолепливи стикери за интересни патувања со авион
Патувањето со авион, кај децата многу често предизвикува нервоза и нетрпеливост затоа што мора да седат врзани на едно место подолго време. Затоа, следниот пат кога ќе патувате, можете со себе да понесете стикери кој можат повеќе пати да се употребуваат. Дечињата можат да седнат до прозорецот и да си играат лепејќи ги различните форми.
7. Голема пластична мушама за цртање на под
Децата особено уживаат во цртањето. За да го избегнете делот со чкртање по ѕидови, поприфатлива варијанта е да поставите големи пластични мушами на кои тие истовремено ќе седат и ќе уживаат во креирањето своја уметност.
8. Тенки парчиња лубеница
Лубеницата е многу вкусна, но е малку тешка за јадење, затоа што е течна и леплива. За да ги натерате децата да јадат лубеница, исечете вакви тенки ленти и уживајте во прекрасниот вкус на ова летно овошје.
9. Вклучете ги децата во физичките активности
Децата не треба да ви бидат изговор дека немате време за вежбање и малку повеќе физичка активност. Вклучете ги и нив во тој процес. И вие ќе се доведете во топ форма, а истовремено и тие ќе се почувствуваат корисни.
10. Растопена креда во вода, за создавање улична уметност
Друг начин да ги станете вашите деца од компјутерите и да ги извадите надвор е да растопите креди во различни бои во неколку пластични садови, да им дадете четки и да ги оставите да цртаат свои уметнички дела на асфалтот и по тротоарите.