15 интересни факти за умот и телото на мажите

15 интересни факти за умот и телото на мажите

Научниците ширум светот и понатаму ги истражуваат разликите помеѓу мажите и жените и постојано откриваат нови и интересни тајни за машкото тело и ум. Прочитајте ги следниве интересни факти за мажите што ќе ви помогнат подобро да го разберете начинот на кој размислуваат и функционираат…

15 интересни факти за умот и телото на мажите

1. Кога мажите слушаат, тие користат само една половина од нивниот мозок. Со другата половина, тие размислуваат за нешто друго. Кај жените е поинаку. Кога слушаат, тие слушаат со целиот нивен мозок. Токму затоа, кога зборувате со мажите, многу е важно да бидете кратки и прецизни.

2. Сетилата за слух, мирис и вкус кај просечните мажи се помалку развиени од сетилата кај жените. Ова се случило како последица на еволуцијата. Мажите во минатото биле ловци и морале да обрнуваат внимание на движењата, додека жените собирале работи неопходни за живот, па затоа повеќе ги развиле останатите сетила.

3. Жените можат да видат повеќе детали во темница, но само тие што се блиску до нив. Видот на мажите во темница е малку полош, но можат да ги видат деталите од која било далечина.

15 интересни факти за умот и телото на мажите

4. Има 3 пати повеќе леваци помеѓу мажите одошто помеѓу жените. Сѐ уште не е откриено научното објаснување за овој феномен. Истражувачите од Австралискиот национален универзитет откриле дека леваците можат да процесираат повеќе информации за разлика од деснаците.

5. Мажите многу подобро се справуваат со физичките активности. Телото на просечниот маж содржи 4,7-5,2 литри крв. Телото на просечната жена содржи околу 4-4,7 литри крв. Освен тоа, крвта на мажите е побогата со хемоглобин и црвени крвни зрнца, што значи дека циркулацијата на кислород е поефикасна.

15 интересни факти за умот и телото на мажите

6. Мажите немаат проблем со целулит. Тоа е така затоа што мажите и жените имаат различна количина на мускули, маснотии и сврзни ткива во телото. Мажите се раѓаат со поразвиени мускули и нивната кожа содржи повеќе колаген.

7. Мажите спијат подобро. Електричната активност на машкиот мозок паѓа до 70%, додека онаа на женскиот мозок паѓа само до 10%. Причината за ова е поврзана со историјата на примитивното општество. Мажите биле ловци, па затоа дома морале да одмораат. Жените се грижеле за домот и за децата.

15 интересни факти за умот и телото на мажите

8. На мажите им е полесно да изгубат тежина. Машкото тело согорува повеќе калории на тој начин што испраќа енергија до мускулите и другите органи. Исто така, нивото на тестостерон во машкото тело е 7 пати повисоко, што доведува до забрзан метаболизам и покрај тоа што нивната мускулна маса е значително повисока од онаа на жените.

9. Мажите подобро ги забележуваат предметите што се движат за разлика од оние што мируваат. Токму затоа, мажите секогаш обрнуваат поголемо внимание на девојките кои танцуваат.

15 интересни факти за умот и телото на мажите

10. Кај мажите постои поголема веројатност дека ќе имаат големо стомаче. Тоа е така затоа што кај мажите маснотиите не се таложат под кожата како кај жените, туку внатре во стомачната празнина помеѓу внатрешните органи.

11. Мажите имаат послаб имунолошки систем и полесно заболуваат од заразни болести за разлика од жените. Причината за тоа е нивниот висок тестостерон кој има голем ефект против воспаленијата. Овој хормон ги засилува гените што ги намалуваат воспаленијата, па затоа телото произведува помалку антитела.

15 интересни факти за умот и телото на мажите

12. Мажите обично имаат поголем мочен меур кој треба да го празнат почесто за разлика од жените. Жените имаат повеќе органи во нивната карлица, па затоа немаат многу место за мочниот меур. Волуменот на просечниот мочен меур кај жените изнесува околу 0,0005 кубни метри, а кај мажите околу 0,0007 кубни метри.

13. Машкото тело содржи 1,5 пати повеќе масни и потни жлезди за разлика од женското тело. Токму затоа, кожата на мажите лачи повеќе кожни маснотии и изгледа помасна.

15 интересни факти за умот и телото на мажите

14. Мажите не се толку отпорни на високите температури. Нивното тело е природен грејач бидејќи неговата температура е 0,2 степени повисока од температурата на женското тело. Ова е поврзано со побрзиот метаболизам на мажите.

15. Мажите се генетски поедноставни од жените. Активните Х хромозоми се комбинација од клетките на мајката и клетките на таткото. Мажите ги добиваат нивните Х хромозоми од мајките. Y хромозомот содржи помалку од 100 гени, додека Х хромозомот содржи повеќе од 1.500 гени.

Мажите и жените се разликуваат во сите клетки од нивните тела бидејќи се носители на различни генетски комбинации. Но, токму овие разлики нѐ прават поинтересни и попривлечни едни за други!

Прочитајте ги и овие 12 работи кои мажите ги прават поинаку од жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар