15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд - Part 3

15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд

11. Најчистото езеро на светот

15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд

Прегледноста во Синото Езеро достигнува и до 80 метри, а ова го прави најчистото езеро во светот.

12. Океан

15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд

Без разлика каде сте во Нов Зеланд, нема да бидете подалеку од 128 километри од брегот.

13. Шума

15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд

Маорите имаат многу легенди за природата, а една од нив е за Тане Махута, огромно каури дрво чија старост не е позната, но е некаде околу 1.250 и 2.500 години старо. Неговото име значи „Господар на шумата“.

14. Сонце

15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд

Сонцето во Нов Зеланд е многу силно и понекогаш се доволни 10 до 15 минути изложеност за да изгорите. Во 1980-тите започнала кампања за заштита од сонцето и денес секое дете го знае слоганот со 5-те букви С:

„Slip on a shirt“ (Облечи блуза)

„Slop on the sunscreen“ (Нанеси заштитна крема)

„Slap on a hat“ (Стави капа)

„Slide on sunnies“ (Стави очила)

15. Банџи скокање

15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд

Првите организирани банџи скокови започнале во Нов Зеланд пред околу 30 години. Ако сте доволно храбри, мора да ја пробате оваа атракција. За вашите глуждови е врзано јаже и скокате од висока платформа или мост.

Погледнете го прекрасниот Нов Зеланд и низ објективот на еден патник-номад.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар