15 интересни факти за магичниот Нов Зеланд
Сите сакаме да патуваме, да посетуваме разни места, да гледаме познати палати, замоци, цркви… Но, уникатноста на Нов Зеланд не се крие во нешто што го изградиле претходните генерации, туку во неговата природа. Погледнете неколку интересни факти за најмагичната држава на планетата.
1. Џедаизам
На пописот од 2001-ва година во Нов Зеланд, 1,5% од населението навело за своја религија „џедај“.
2. Министер за Господар на прстените
Токму така, Нов Зеланд има Министер на прстените. После трилогијата, туризмот поврзан со Толкин станал толку популарен, што владата морала да назначи министер кој ќе го регулира процесот. На некој начин, Нов Зеланд си има свој волшебник.
3. Тетоважи
Тетовирањето е важен дел од културата на Маорите и тие често се тетовираат на лицето. Дезените се комплексни и откриваат многу за сопственикот. Традиционално, овие тетоважи се изработуваат со ножеви и длето наместо со игли.
4. Елфски јазик
Трилогијата „Господар на прстените“ има толку големо влијание на секојдневниот живот во Нов Зеланд, што временската прогноза на националната телевизија во 2012-та година била кажана на елфски јазик. Можеби еден ден овој јазик ќе го учат и на училиште.
5. Најдолгото име на место во држава во која се зборува Англиски
Taumatawhakatangihangaoauauotameteaturipukakapikimaungah-oronukupokaiwhenuakitanatahu значи „Местото каде Таматеа, човекот со големи колена, кој седеше, качуваше и голташе планини, познат како јадач на земји, ја свиреше својата флејта за неговата љубена.“ Како ли го сместуваат името во документи и изводи?
Продолжува на следната страница…