15 инспиративни цитати од Мерил Стрип

15 инспиративни цитати од Мерил Стрип

Датум: 16 апр 2017
Коментари: исклучени

Според многумина, Мерил Стрип е најдобрата актерка од нејзината генерација. Но, како што таа вели, глумењето не е само преправање. Глумењето е да бидеш ученик на човековата природа, да сочувствуваш и да ги разбереш оние кои на површината изгледаат поинаку. И Мерил Стрип е совршена во нејзината уметност. Погледнете дел од нејзините најинспиративни цитати.

15-inspirativni-citati-od-meril-strip-kafepauza.mk

„Мислам дека сами си го наоѓате својот пат… На крајот, тоа е она што вам ви изгледа правилно. Не она што ви кажала мајка ви. Не она што ви кажала некоја актерка. Не е ни нешто што ви кажал некој друг, туку смирениот, мал глас.“

„Во моментот кога ќе почнете да се грижите за мислењето на другите, вие престанувате да бидете вие.“

„Глумењето не е да бидете некој различен. Тоа е наоѓање на она што е навидум различно, па пронаоѓање себеси во истото.“

„Вистинската слобода е во разбирањето дека ние имаме избор за тоа кои сме и што дозволуваме да има моќ над нас.“

„Добро е да се туркате и да правите нешто што баш и не го сакате, па нешто за кое сметате дека не сте добри, треба да го пробате. Пробувањето е многу важно.“

„Големиот дар на луѓето е тоа што ја имаат моќта на емпатијата.“

„Мој совет: Не трошете многу време грижејќи се за вашата кожа или за вашата тежина. Развијте го тоа што го работите, тоа во што ги вмешувате вашите раце во светот.“

„Формулата за среќа и успех е да бидете вие, на најживописниот можен начин.“

„Вклучете ги вашите верувања во секој аспект од вашиот живот. Однесете го вашето срце на работа и исто така барајте го најдоброто од сите.“

„Прифатете го стареењето. Животот е скапоцен, и кога ќе изгубите многу луѓе, ќе сфатите дека секој ден е дар.“

„Ставете ролетни на сите оние нешта што прават заговор за да ве држат назад, особено на оние во вашата глава.“

„Кога имате останато уште малку време, вие ќе сакате да бидете точно оние кои сте, без да им ги олеснувате работите на другите.“

„Луѓето знаат да ми кажат: ‘Имате глумено многу силни жени’, а јас им велам: ‘Му имате ли кажано на маж дека глумел силни мажи?’“

„Мислам дека вашата личност станува појасна со текот на времето.“

Прочитајте ја и животната мудрост на Мерил Стрип во само 6 реченици!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини