15 инспиративни цитати од контроверзната писателка Анаис Нин

15 инспиративни цитати од контроверзната писателка Анаис Нин

Животот на француската писателка Анаис Нин бил исклучително специфичен, исполнет со многубројни контроверзии и интриги. Сепак, таа посветила значаен дел од својот живот на изучување на психоанализата и напишала многу есеи и голем број страници од своите дневници за животот во слобода и за слободното, неограничено уметничко творештво. Во продолжение прочитајте неколку нејзини помалку познати цитати:

15 инспиративни цитати од контроверзната писателка Анаис Нин

„Пишуваме за да го чувствуваме животот двапати – во даден момент и преку ретроспектива.“

„Ќе дојде денот кога ризикот од тесно во сопствениот кожурец станува поголем од ризикот од цветање.“

„Го знам животот лирски, мелодично – моите чувства се посилни од причините и од принципите. Јас сум жедна за чудесното и таа желба е единственото нешто што може да ме победи. Сè што не можам да претворам во нешто чудесно, го оставам. Реалноста не ме зачудува. Верувам само во екстаза, слобода, а кога животот ме тресе – бегам, каде било. Нема веќе ѕидови.“

„Ние не се развиваме хронолошки. Понекогаш се развиваме во една димензија, а понекогаш во друга – нерамномерно. Ние сме релативни. Зрели сме во еден поглед, а деца во друг. Ние сме составени од слоеви, клетки, соѕвездија. Зарем тоа не е прекрасно?“

„Улогата на писателот не е да го каже она што сите би можеле да го кажеме, туку она што никој не може или што никој не смее да го каже.“

„Ако не дишете низ пишувањето, ако не плачете низ пишувањето, ако не пеете низ пишувањето – тогаш не пишувајте. Културата нема никаква корист од тоа.“

„Животот е процес на постоење, комбинација на услови што треба да ги поминеме. Луѓето грешат кога сакаат да изберат состојба во која ќе останат засекогаш. На овој начин, тие сами се осудуваат на смрт.“

„Човекот се обидува да го препознае само она со кое е запознаен. Функцијата на уметноста е да ни ја промени нашата перцепција. Задачата на писателот е да ги разбранува познатите сцени толку магично што одеднаш ќе видиме ново значење во нив.“

„Верувам дека човекот пишува за да создаде за себе свет во кој може да живее.“

„Непознатото беше мојот компас. Непознатото беше мојата енциклопедија. Непознатото беше и останува мојата единствена наука.“

„Луѓето кои го живеат животот со полни гради не се плашат од смртта.“

„Последната лекција што ја учи секој писател е дека сè може да го нахрани и да го инспирира. Речник, новооткриен збор, патување, средба, разговор на улица, книга, нова научена фраза – апсолутно сè.“

„Занимавањето со уметност е еден вид лебдење – одвојување на сопственото битие од заробеништвото на земјата.“

„Креативната личност никогаш нема да остане во првиот свет што ќе го открие. Таа не знае за граници и не се потчинува.“

„Животот е толку флуиден што ни останува само да се надеваме дека барем еднаш сме успеале да искористиме свеж и чист момент на уживање, без да го уништиме.“

Прочитајте ги 15-те најважни цитати на Иво Андриќ за животот, љубовта и страдањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар