15 факти за храната кои навистина ќе ве остават без зборови
Нештата со кои се среќаваме секој ден во себе кријат толку многу мистерии за кои малкумина знаат. Кога станува збор за храната сите сме доволно информирани, но постојат многу необични факти за неа кои веројатно не сте ги чуле досега, а се навистина фасцинантни. Ова се само неколку од многуте изненадувачки и чудни работи кои би требало да ги знаете за храната…
1. Чили пиперки
Спротивно на општото верување, бојата на чили пиперката не открива ништо за нејзиниот вкус. Треба да обрнете внимание на нејзината големина: Колку е помала, толку е полута.
2. Банани
Можеби ќе ви звучи неверојатно, но комарците ги привлекуваат луѓе кои неодамна јаделе банани. Ова се случува поради тоа што бананите го зголемуваат нивото на серотонин и норпинефрин во крвта кај луѓето, а тие се вистински магнети за комарците бидејќи и ним им се потребни, па веднаш можат да ги почувствуваат.
3. Авокадо
Авокадото е навистина непредвидливо овошје.
4. Уште еден факт за авокадото
Никогаш немојте да ги храните птиците со авокадо, дури и ако сакаат самите. Многу е отровно за нив.
5. Гравитација
Гравитацијата има одлична смисла за хумор и обожава да ви се потсмева кога сакате да се напиете нешто. Како да се справите со ова? Се чини дека не постои решение.
6. Флаширана вода
Во секое од овие шишиња водата е по малку различна. Никогаш нема да најдете два извора на вода кои се потполно исти.
7. Боја на храната
Бојата на храната ги прави децата хиперактивни, особено ако се работи за црвена или жолта боја.
8. Кафе
Зрната кафе не се всушност зрна, тие се плодови. Поточното име за нив би било „плодови од растението кафе“.
9. Чај
Никогаш не би требало да пиете чај кој не е свежо сварен. Јапонците имаат една изрека: „Вчерашниот чај каса полошо од змија“. Ладниот чај го иритира стомакот толку многу што Кинезите го ставаат на исто рамниште со отровот.
10. Мед
Медот е бесмртен. Најстарата тегла мед, која била откриена во 1922 година од страна на Хауард Картес во гробот на египетскиот фараон Тутанкамон, е сѐ уште добра за јадење. Биолозите ја тестирале и дознале дека може да се консумира.
11. Камембер
Камемберот треба да се јаде што е можно поблиску до истекувањето на неговиот рок на траење, но никогаш по него.
12. Јајца
Ако јајцето се издигне на површината кога ќе се стави во вода значи дека не е добро за јадење. Ова се случува затоа што како што јајцето старее, така се собираат гасови во него, што предизвикува тоа да плови во вода.
13. Кисела зелка
Киселата зелка е добра за вашата фигура. Нејзината киселост му помага на телото да биде два пати поефективно во обработката на маснотиите, поради што можете да ослабете.
14. Чоколадо
Ако изедете мало парче темно чоколадо пред оброкот, тоа ќе ви го зголеми нивото на глукоза во крвта. Дури и ако сте многу гладни, ова ќе ве спречи да изедете многу и ќе ви помогне да останете заситени, но не и прејадени.
15. Најголемата тајна на храната
Храната е секогаш повкусна навечер. Секоја храна. Секогаш.