15 факти кои докажуваат дека вашето тело има вистински супермоќи

15 факти кои докажуваат дека вашето тело има вистински супермоќи

Научниците речиси секој ден откриваат нешто ново за човечкото тело, а многу од тие новости се навистина чудни. Погледнете дел од најинтересните факти за нашето тело кои докажуваат дека е навистина моќно.

15-fakti-koi-dokazhuvaat-deka-vasheto-telo-ima-vistinski-supermokji-kafepauza.mk

1. Киселината во желудникот може лесно да раствори жилет. Се разбира, нема потреба да го докажувате тоа.

2. Ние можеме да живееме без желудник, без 75% од нашиот црн дроб, со еден бубрег, без 80% од нашите црева, без слезина, со еден бел дроб и без кој било орган кај препоните. Нема да биде најсреќниот и најубавиот живот, но сепак е возможно.

3. Нашата кожа се регенерира на секои 2-4 недели. За една година губиме околу 0,7 килограми мртва кожа.

4. Коските на просечна личност можат да издржат и до 16.000 луѓе да стојат на нив.

5. Најсилниот мускул во нашето тело е оној на вилицата.

(2)15-fakti-koi-dokazhuvaat-deka-vasheto-telo-ima-vistinski-supermokji-kafepauza.mk

6. Без малиот прст би загубиле околу 50% од силата во вашата дланка.

7. Нашето тенко црево е долго колку висината на 4-ца луѓе. Навистина е изненадувачки како е сместено во стомакот.

8. Нашето тело има 96.000 километри крвни садови.

9. Површината на човечкиот бел дроб е колку едно тениско игралиште.

10. Нашата коса може да ја издржи тежината од два слона.

(3)15-fakti-koi-dokazhuvaat-deka-vasheto-telo-ima-vistinski-supermokji-kafepauza.mk

11. Нашите очи можат спонтано да ја менуваат својата боја. Најчест случај на ова се бебињата кои се раѓаат со сини очи, па потребно е некое време за да се развие меланинот и да ја покаже нивната вистинска боја. Покрај тоа, пигментот зависи и од големината на зеницата која се менува во разни услови, како емоции или светлина.

12. Луѓето можат да преживеат подолго без храна отколку без сон. Можеме да живееме околу 3 недели без храна, но после 11 дена без спиење телото почнува да се „исклучува“.

13. Просечна здрава личност произведува околу 15 литри пот во текот на денот.

14. Ние произведуваме доволно топлина за да зовриеме околу 2 литри вода за 30 минути.

15. Во текот на нашиот живот произведуваме доволно плунка за да наполниме 2 базени.

Погледнете и некои од најчудните работи кои ги прави нашето тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар