15 моќни цитати за животот, љубовта и мирот од Џон Ленон
Џон Ленон e легенда, чија работа и живот не престануваат да нè инспирираат ни до ден-денес. Успехот на Ленон и неговиот бенд, ги направи Битлси херои, особено Џон Ленон. Тој беше свесен за тоа колку е инспиративен и влијателен, па го искористи тоа за да праќа позитивни пораки на светот. Неговиот став којшто се залагаше за мир и револуционерниот звук се противеа на секаков вид насилство. Со неговите текстови и заразни мелодии, Ленон успеа да допре до срцата на неговите фанови, пренесувајќи им ја пораката за мир.
Тој допре до милиони, а неговата музика сè уште ги поттикнува луѓето да зборуваат против сè она што е погрешно во општеството и да продолжат да се борат за подобар свет. Прочитајте 15 од неговите најпознати пораки.
„Сè што ви треба е љубов.“
„Не можеме да им помогнеме на сите, но сите можат да помогнат некому.“
„Сè што треба да направиме е да ја одржиме надежта жива. Бидејќи без неа ќе пропаднеме.“
„Ако не можеме да се сакаме самите, не можеме целосно да ги отвориме нашиот капацитет за љубов кон другите и нашиот потенцијал за создавање.“
„Среќата се наоѓа во вас, не во друга личност.“
„Мирот не е нешто што се посакува. Тоа е нешто што се создава, нешто што се прави, нешто што сте вие и нешто што се поклонува.“
„Сè ќе биде добро на крајот. Ако не е добро, не е крај.“
„Животот е она што се случува додека сте зафатени правејќи планови.“
„Замислете сите луѓе да живеат во мир. Можеби ќе кажете дека сум сонувач, но не сум единствениот. Се надевам еден ден ќе ни се приклучиш и ти и светот ќе биде како едно.“
„Кога не можам да пеам од срце, можам да го кажам тоа што ми е на ум.“
„Не ви треба никој за да ви каже кои сте и што сте. Вие сте тоа што сте!“
„Сè е појасно кога сте заљубени.“
„Верувам дека времето ги лечи сите рани.“
„Грешката е само пропуст. Таа станува грешка само доколку не успеете да ја поправите.“
„Да ги задоволите сите е невозможно. Ако успеете во тоа, ќе завршите во средина каде што никому нема да му се допаѓате. Сè што треба да направите е да донесете одлука за тоа што мислите дека е најдобро и да го направите.“
Прочитајте ги и овие 25 незаборавни цитати од Никола Тесла.