15 цитати за детството

15 цитати за детството

Повелете 15 цитати за детството, за тој период на безгрижност и љубопитност кој често се идеализира кога ќе настапат обврските својствени за животот на возрасните.

15 цитати за детството

„Детството се мери само со звуци, мириси и глетки, пред да настапи мрачната ера на разумот.“ – Џон Бечман

„Предјадењата отсекогаш ми биле интересни на патетичен начин. Ме потсетуваат на детството, на тоа како човек поминува низ нив прашувајќи се какво ќе биде главното јадење, а до крајот на оброкот посакува да изедел повеќе од предјадењето.“ – Хектор Хју Монро

„Секое детство има свои талисмани, свети работи кои изгледаат доволно наивно за надворешниот свет, но предизвикуваат бура од живописни спомени кога возрасното дете ќе се соочи со нив.“ – Стивен Џонсон

„Дозволи му на човек да се сврти кон своето детство, не подалеку, за да си го обнови чувството на изолираност и мистеријата на промената.“ – Алис Мејнел

„Детството дефинитивно е измислица, зарем не? Мислам дека затоа луѓето имаат деца и потоа почнуваат да го ценат своето детство многу повеќе.“ – Хелен МекКрори

15 цитати за детството

„Кога сме жедни, пиеме од белите води на бунарот на нашето слатко и тажно детство.“ – Георг Тракл

„После сè, детството не е крај, туку состојба на исполнетост со моќна љубопитност.“ – Рејчел Каск

„Секој од нас има момент од детството кога се почувствувал жив за прв пат. Се враќаме кон тие моменти и си мислиме, тоа е моментот кога јас станав јас.“ – Рита Дав

„Суштината на детството, секако, е играта која јас и моите другари безгранично ја имавме на улиците кои безволно ги делевме со сообраќајот.“ – Бил Козби

„Кога конечно ќе се вратиш во својот стар дом, ќе сфатиш дека не ти фалел домот туку детството.“ – Сем Јуинг

15 цитати за детството

„Ако си го носиш детството со себе, никогаш нема да остариш.“ – Том Стопард

„Имав прекрасно детство, што не е лесно, затоа потоа е тешко да се подготвиш за бедното возрасно доба.“ – Лери Дејвид

„Детството само по себе не секогаш е подобро од весела, мирна, сончева старост.“ – Лидија Чајлд

„Генијалноста е враќање на детството по сопствена волја.“ – Артур Рембо

„Продолженото детство не може да остане бајка. Тоа се претвора во пекол.“ – Луиз Боган



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар