15 цитати од Буда што ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот внатрешен мир

15 цитати од Буда што ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот внатрешен мир

Денешниот начин на живеење сам по себе ни наметнува нездрави навики и секојдневни стресови, па понекогаш е тешко да се справиме со нив. Особено кога станува збор за наоѓањето внатрешен мир – невозможна мисија за повеќето од нас, изгубени во сопствените грижи и стравови. Затоа одбравме неколку цитати од Буда кои веруваме дека барем за миг ќе ја смират вашата душа и ќе ви дадат чувство на мир и хармонија.

15 цитати од Буда што ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот внатрешен мир

Понекогаш, доволно е да го смените начинот на размислување за полесно да ги пребродите тешкотиите во животот и да се ослободите од илузиите. Токму овие цитати имаат за цел да ви ја доближат вистината на светот што се наоѓа околу вас, но и во вас.

„Сето она што сме е резултат на нашите мисли.“

„За да разберете сè треба да простите сè.“

„Ако нешто вреди да се направи, направете го од срце.“

„Колку помалку си имате работа со негативни луѓе, толку помирен ќе ви биде животот.“

„Без разлика на тоа низ колку маки и тешкотии сте поминале во минатото, секогаш можете да почнете одново.“

„Научете како да одговорите, а не како да реагирате.“

„Вашиот непријател не може да ве повреди толку колку вашите неконтролирани мисли.“

„Не брзајте. Нештата ќе се случат кога ќе им дојде време за тоа.“

„Ќе го најдете мирот доколку се ослободите од огорчените мисли.“

„Во нашите најтешки мигови мораме да се фокусираме за да ја видиме светлината.“

„Не постои пат до среќата – среќата е патот.“

„Смислата на човековото постоење е да се биде бестрашен.“

„Вие како и сè друго во универзумот заслужувате да бидете сакани.“

„Покажете сочувство кон сите суштества – тоа е вистинската религија.“

„На крајот само три работи се важни: колку сте сакале, колку сте биле сочувствителни и колку достоинствено сте се откажале од нештата што не ви биле судени.“

Откако ги прочитавте цитатите од Буда, можеби ќе сакате да дознаете и како со помош на тибетскиот хороскоп да го пронајдете својот скриен пат кон внатрешен мир и среќа.

Извор: yourtango.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар