15 цитати кои совршено ја доловуваат желбата да ги спакувате куферите и да избегате од сè

15 цитати кои совршено ја доловуваат желбата да ги спакувате куферите и да избегате од сè

Доколку постојано размислувате за патување во нови земји, што подалеку од вашето родно место, тогаш без сомнение целосно ќе се пронајдете во следниве 15 мисли. Што мислите, која од овие цитати најдобро ги опишува вашите мисли?

(1) 15 цитати кои совршено ја доловуваат желбата да ги спакувате куферите и да избегате од сè

„Ме фаќа носталгија за држави кои никогаш не сум ги посетил и копнеж за места каде што никогаш нема да можам да бидам.“ – Џон Чивер

„Слушнав како авион ми поминува над главата. Посакав да сум во него.“ – Чарлс Буковски

„Отсекогаш сум се прашувал зошто птиците остануваат на истото место кога можат да одлетаат каде било на Земјата, а потоа си го поставувам истото прашање и на себе.“ – Харун Јахуа

„Луѓето патуваат за да лутаат на планинските височини, на големите морски бранови, по долгиот тек на реките, на пространиот опсег на океанот, низ циркуларното движење на ѕвездите и сепак поминуваат покрај нив без да се зачудат.“ – Св. Августин

„Не постои ниту едно место на кое може да се отиде освен секаде, па затоа продолжете да се движите под ѕвездите.“ – Џек Керуак

(2) 15 цитати кои совршено ја доловуваат желбата да ги спакувате куферите и да избегате од сè

„Ние патуваме, некои од нас засекогаш, барајќи други држави, други животи, други души.“ – Анаис Нин

„Не го одбирате денот кога доаѓате на овој свет и не го одбирате денот кога го напуштате. Тоа што го правите помеѓу може да направи голема разлика.“ – Анита Септимус

„Патувањето е како флертување со животот. Тоа е исто како да кажете: ‘Би останала да те љубам, но мора да одам. Ова е мојата станица’.“ – Лиса Св. Обин де Теран

„Светот е книга и оние кои не патуваат читаат само една страница.“ – Св. Августин

„Одвреме-навреме луѓето навистина сфаќаат дека тие не мора да го искусат светот на начинот на кој им се кажува.“ – Алан Китли

(3) 15 цитати кои совршено ја доловуваат желбата да ги спакувате куферите и да избегате од сè

„Светот никогаш не направил кралица од девојче кое се криело во својот дом и сонувало без без да патува.“ – Непознат автор

„Попрво би бил во планините размислувајќи за Бог, отколку во црква размислувајќи за планините.“ – Ејс Кревл

„Преку патувањето прв пат станав свесна за надворешниот свет. Токму преку патувањето го открив мојот интроспективен начин да станам дел од него.“ – Еудора Велти

„Оној кој видел една катедрала десет пати видел нешто; оној кој видел десет катедрали по еднаш видел малку; оној кој поминал по половина час во 100 катедрали не видел ништо.“ – Синлкер Луис

„Со пристигнувањето во секој нов град, патникот повторно наоѓа минат дел од себе кој не знаел дека го поседува: Туѓоста од она што повеќе не сте или што повеќе не го поседувате ве чека во странството и непосетените места.“ – Итало Калвино


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар