15 цитати кои ќе ви помогнат да останете позитивни дури и кога минувате низ тежок период
Може да биде навистина тешко да останете позитивни ако минувате низ тежок период. Можеби ќе се обидете да ја игнорирате негативноста останувајќи во кревет и гледајќи филмови цел ден. Можеби дури и ќе се преправате пред другите дека сè е во ред. Како и да е, не си дозволувате да бидете посреќна личност кога одбивате да сфатите што е она што ве прави несреќни.
Можеби ви звучи чудно, но кога ќе си признаете дека минувате низ тежок период и дека тој период ве прави несреќни, полесно ќе го прифатите она што ви се случува и полесно ќе го надминете. Нормално е да имате периоди кога чувствувате дека вашиот живот никогаш нема да биде подобар, дека ќе треба да се навикнете на несреќата или пак ќе сметате дека не заслужувате убав живот. Токму на овој начин негативноста не ви дозволува да го надминете тешкиот период. Па, ако ви е потребна инспирација, овие цитати ќе ви помогнат во тоа. Ќе ве мотивираат да станете и да го зграпчите денот без разлика на вашата ситуација.
„Кога ќе се разбудите наутро, помислете колку е убава привилегијата да бидете живи, да дишете, да размислувате, да уживате, да љубите.“
„Оној кој ќе падне и повторно ќе стане, е многу посилен од оној кој никогаш не паднал.“
„Во секој ден барајте нешто позитивно, дури и во деновите кога треба да барате поупорно.“
„Понекогаш и најмалиот чекор во вистинската насока може да биде најголемиот чекор во вашиот живот. Одете на прсти ако треба, но направете го тој чекор.“
„Кога не можете да ја најдете сончевата светлина, бидете сончевата светлина.“
„Правете го она што морате додека да можете да го правите она што го сакате.“
„Да бидете позитивни во негативна ситуација не значи дека сте наивни, тоа е лидерство.“
„Верувајте дека можете и веќе сте на половина пат до таму.“
„Убавите нешта се случуваат кога ќе се оддалечите од негативноста.“
„Немојте да го уништувате убавиот ден размислувајќи за вчерашниот.“
„Останете позитивни, работете напорно, направете да се случи.“
„Бидете нежни кон себе. Го давате најдоброто од себе.“
„Престанете да се плашите од она што може да тргне на лошо. Фокусирајте се на она што може да излезе убаво.“
„Негативниот ум никогаш нема да ви даде позитивен живот.“
„Секој ден е нов почеток.“
Погледнете ги и овие цитати кои ќе ви го разубават утрото.