15 чудни факти за сексот кои можеби и не мора да ги знаете
Да не кажете дека не ве предупредивме! Откако ќе ги прочитате, тешко дека ќе можете да ги заборавите. Па, ако сè уште сте тука, продолжете со читање…
1. Старците имаат многу секс
Колку многу, би се запрашале? Дали навистина сакате да знаете? ОК, кога веќе прашавте, постарите луѓе доживуваат најмногу сексуално преносливи болести во однос на сите останати возрасни групи. Да продолжиме понатаму? Во ред. 3/4 од 70-годишните мажи сè уште се способни да забременат жена, а 1/3 од жените над 80 години имаат активен сексуален живот со своите партнери.
2. Женскиот оргазам постои за да ја осигури бременоста
Ритмичкото пулсирање на ѕидовите на вагината за време на женскиот оргазам има цел да ја турне спермата нагоре кон матката. А вие мислевте дека вистинската цел на женскиот оргазам е задоволство… Сте грешеле!
3. Хетеросексуалните мажи опфаќаат повеќе од половина од публиката за трансродова порнографија
Една студија која вклучувала 1 милијарда онлајн пребарувања за порнографија дошла до заклучок дека трансродовата порнографија е 4-тиот најпопуларен вид порнографијата на Земјата. И најчесто токму хетеросексуалните мажи се оние кои ја преферираат.
4. Женските пингвини се вклучуваат во еден вид проституција
Истражувачите постојано набљудувале како женските пингвини разменувале сексуални услуги со машките пингвини кои не се нивни партнер во замена за камчиња со кои потоа градат гнездо за нивните бебиња.
5. 2/3 од мажите и жените фантазираат за други луѓе додека имале секс со нивните партнери
Бидете искрени и размислете колку пати ви се случило ова вам. Доколку отворено разговарате со вашиот партнер или партнерка, прашајте ги и нив, сигурно ќе откриете дека не сте биле единствени.
6. Жените за време на овулацијата имаат поголеми шанси да изневерат
Кога јајце клетката едноставно си седи таму внатре, чекајќи да биде оплодена, некои жени стануваат малку „немирни“ и не размислуваат јасно. И ако не го добиваат потребното од својот партнер, се насочуваат кон задоволување на оваа потреба надвор врската.
7. Интимната депилација овозможува поголема шанса за ширење сексуално пренослива инфекција
Бидејќи срамните влакненца служат како ѕид помеѓу вагината и инфекциите, доколку ги отстраните истовремено и ќе си ги зголемите шансите да се здобиете со сексуално пренослива болест.
8. Нивото на тестостерон и количината на сперматозоидите кај мажите е само 1/4 од тоа што биле пред 1 век
Мажите повеќе не се тоа што биле. Всушност, тие се само 1/4 од тоа што биле пред само 1 век.
9. Постојат жени кои се возбудуваат од порнографија со мајмуни
Да, колку и да ви звучи ова чудно, вистинито е. Една студија покажала дека жените кои гледале снимки од мајмуни кои имале секс и самите се возбудувале.
10. Возрасните кажуваат повеќе лаги во креветот отколку на кое било друго место
Ова е навистина тешко за верување, особено затоа што најчесто сте голи помеѓу чаршафите и многу е тешко нешто да се лаже во оваа состојба. Но, сепак, тоа не ги спречува луѓето да кажуваат лаги за време на односот.
11. Хомосексуалците имаат поголеми пениси од хетеросексуалните мажи
Ова не го менува фактот дека хомосексуалните мажи се повеќе во допир со своите емоции од хетеросексуалните.
12. Колку се поголеми неговите тестиси, толку се поголеми и шансите да изневерува
Ако вашиот партнер има големи тестиси, тогаш единственото логично нешто што можете да го направите е да вметнете GPS чип за следење во неговото тело додека спие бидејќи само така секогаш ќе знаете каде е.
13. Образованите бели жени имаат повеќе анален секс од која било друга група
Да не заборавиме да нагласиме дека тие ги надминуваат и хомосексуалните мажи.
14. Мажите со прекумерна тежина имаат поголема сексуална издржливост од слабите мажи
Повеќе студии потврдиле дека мажите со прекумерна тежина можат да издржат и до 3 пати подолго од оние кои се во добра форма или пак, премногу слаби.
15. 1 на секои 10 европски бебиња е зачнато на кревет од ИКЕА
Па, дали и вие имате кревет од ИКЕА во вашиот дом?