15 чудни факти што нема да ви се верува дека се вистинити - Part 2

15 чудни факти што нема да ви се верува дека се вистинити

8. Можете да се заразите со глупавост

15 чудни факти што нема да ви се верува дека се вистинити

Научниците откриле вирус во човечкото тело што предизвикува глупавост (ATCV-1) и се пренесува преку вода. Во спроведеното истражување, заразените луѓе побавно ги обработувале добиените информации и побавно ги извршувале зададените задачи. Исто така, многу им било тешко да се сконцентрираат.

9. Кога сме засрамени, желудниците ни стануваат црвени

15 чудни факти што нема да ви се верува дека се вистинити

Засрамувањето предизвикува нашите тела да почнат со интензивно производство на адреналин. Овој хормон ја активира циркулацијата на крвта и како резултат на тоа, не поцрвенува само нашето лице, туку и нашиот желудник.

10. Просторот во белите дробови е еднаков на површината на трособен стан

15 чудни факти што нема да ви се верува дека се вистинити

Алвеолите, кои се наоѓаат во белите дробови, претставуваат мали воздушни вреќички. Нивниот број изнесува по 300 милиони во секој бел дроб. Доколку се ослободи воздухот од нив и се рашири нивното ткиво, тие би обезбедиле површина од околу 75 метри квадратни.

11. Отпечатоците од прстите на коалата се идентични на човечките

15 чудни факти што нема да ви се верува дека се вистинити

Тешко е да се открие разликата помеѓу отпечатоците од човечките прсти и прстите на коалата, дури и со помош на екстремно моќен микроскоп. Научниците веруваат дека тоа им помага на коалите да имаат подобар стисок, што е многу важно со оглед на тоа што се хранат преку качување и посегнување по листови.

12. Полжавот има повеќе заби од ајкулата

15 чудни факти што нема да ви се верува дека се вистинити

Во зависност од видот, ајкулата може да има 180-400 заби. Но, обичниот градинарски полжав има радула: лигава лента што личи на ренде. Обичната радула може да има околу 12.000-20.000 заби подредени во редови.

13. Богомолките имаат 5 очи и 1 уво

15 чудни факти што нема да ви се верува дека се вистинити

Овој грациозен инсект има 5 очи: 2 големи и 3 мали во средина на челото. Неговото единствено уво се наоѓа на стомакот помеѓу задните нозе. Богомолките исто така имаат многу убави крилја.

14. Луѓето може да имаат црвени очи

15 чудни факти што нема да ви се верува дека се вистинити

Луѓето и животните со албинизам не произведуваат доволно меланин, поради што имаат многу малку пигменти во нивната коса, очи и кожа. Во зависност од типот на албинизам, крвните садови во задниот дел од окото може да бидат видливи, што доведува до тоа очите да изгледаат црвенкасти или виолетови.

15. Жените доживуваат поголема болка

15 чудни факти што нема да ви се верува дека се вистинити

Жените имаат повеќе нервни рецептори за болка, што значи дека доживуваат посилна болка. Но, имаат повисок праг на толеранција на болка од мажите. Во спротивно, не би можеле да ги издржат породилните болки.

Доколку сакате да дознавате вакви необични работи, прочитајте ги и следниве неколку чудни и интересни факти за живиот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар