15 чудни факти што нема да ви се верува дека се вистинити
Постојат многу работи на овој неверојатен свет што делуваат како да се измислени и покрај многуте докази што постојат за нив. Следниве 15 факти се толку чудни што нема да ви се верува дека се вистинити. Во продолжение, прочитајте за што станува збор…
1. Вијаграта најпрво била наменета за срцеви проблеми
Денешната употреба на вијаграта била откриена случајно. На почетокот, научниците се обидувале да најдат лек што ќе ги опушти крвните садови. Меѓутоа, испитаниците пријавиле необична негативна последица, благодарение на што вијаграта станала еден од најчесто препишуваните лекови во светот.
2. 9 од 10 луѓе страдаат од синдром на фантомски вибрации
Синдромот на фантомски вибрации се јавува кога еден човек (кој најчесто е под голем стрес) чувствува дека телефонот му вибрира или ѕвони. Интересно е тоа што овој феномен бил предвиден во 1996 година во стрипот „Дилберт“ (Dilbert) и бил наречен синдром на фантомски пејџер.
3. Ајфонот е помоќен од компјутерите на НАСА
Кога излегол првиот ајфон, тој бил помоќен од компјутерите што НАСА ги користела во 1969 за легендарниот лет на месечината. Сетете се на ова нареден пат кога ќе гледате слатко видео на вашиот телефон.
4. Автоматите за храна убиваат повеќе луѓе од ајкулите
Според статистичките податоци, автоматите за храна што паѓаат предизвикуваат по 2 смртни случаја годишно. Но, нападите од ајкула се случуваат помалку од еднаш годишно. Инаку, и кокосите што паѓаат убиваат повеќе луѓе од ајкулите.
5. Домаќинките од Индија поседуваат 11% од целото злато во светот
Носењето златен накит е дел од индиската култура, така што Индија е најголемиот потрошувач на овој метал во светот. Индиските домови поседуваат околу 18.000 тона злато, што е повеќе од резервите на САД, Швајцарија и Германија заедно.
6. Во Кина, жителите мора да добијат одобрување за реинкарнација од владата
Ако некој човек сака да се реинкарнира, мора да поднесе апликации до 4 надлежни тела и да го чека нивното одобрување за да ги оствари своите планови. Овој закон бил донесен во 2007 година. Тоа би значело дека владата знае каде ќе биде следното преродување на Далај Лама.
7. Оксфордскиот универзитет е постар од Ацтечката империја
Градот на Ацтеките, Теночтитлан, бил изграден околу 1325 година. Не се знае точната дата на изградбата на Оксфордскиот универзитет, но предавањата таму постоеле уште во 1096 година. Инаку, во една лабораторија во Оксфорд има ѕвонче што непрестајно ѕвони уште од 1840 година!
Продолжете на следната страница за останатите необични факти…