14 знаци дека поминувате премногу време на интернет

14 знаци дека поминувате премногу време на интернет

Некој постојано ви вели дека поминувате премногу време на интернет, а вие упорно го тврдите спротивното. Овие четиринаесет знаци ќе ви помогнат да сфатите дали сте во право или треба малку да одморите од тоа.

14 знаци дека поминувате премногу време на интернет

1. Да сте фокусирани на само една работа значи да имате отворено само еден таб, односно јазиче на браузерот. Тоа е вашиот личен стандард.

2. Сметате дека не сте на интернет ако сте го исклучиле лаптопот и проверувате мејл или Фејсбук на смартфонот. Чепкањето на телефонот не се важи.

3. Користите мемиња во комуникацијата. На сред разговор вам ви доаѓа слика од меме во главата и ги користите фразите кои го проследуваат ваквите слики.

4. Користите и интернет кратенки. Се смеете со ЛООООЛ и се чудите со ВТФ.

5. Сте имале некоја сериозна расправија на интернет форум или во коментари под некој текст. Ако посветувате време на седење на интернет за одговарање и коментирање вакви работи, размислете колку време поминувате на тастатурата.

6. Сте ги запоставиле блиските и обврските кон нив поради „обврски“ на интернет. Понекогаш треба да ги проверите најновите интересни твитови, некакви фотографии на Фејсбук или да одговорите на форум. Во моментот тоа ви било поважно отколку она што се случува офлајн.

7. Трошите многу време на Јутјуб. Ќе пуштите Јутјуб за да гледате некое музички спот, а потоа продолжувате гледајќи спортски видеа, за на крај целосно да се заборавите со оние смешни видеа.

14 знаци дека поминувате премногу време на интернет

8. На интернет сте сретнале некого кој не го знаете, никогаш не сте го сретнале, а сепак не го сакате поради некоја причина. Веројатно поради лошите анонимни коментари на форумот.

9. Се тревожите кога некој ќе ве избрише од листата на пријатели на Фејсбук или кога ќе ви се намали бројот на следачи на Твитер. Ова е сериозна причина да намалите со престојот во виртуелниот свет на интернет.

10. Одите на некои места и правите одредени работи за да можете да ги споделите на социјалните мрежи. Малку е тажно ако тоа одредува каде ќе одите и што ќе правите. Не си го правете тоа на себеси.

11. Вашиот најсилен мускул е делот помеѓу палецот и показалецот. Тој дел брзо и лесно се зајакнува на смартфон, а нема кога да ги зајакнете и другите мускули.

12. Вашиот поглед постојано оди на екранот на смартфонот. Без причина, онака… А каде на друго место би гледале?

13. Одите само во кафулиња каде што имаат бесплатен ви-фи сигнал. Колку е поквалитетен сигналот, толку се поголеми шансите да го посетите токму тоа кафуле.

14. Нервозни сте кога ќе ви се потроши батеријата. Ако исклучувањето на уред со пристап на интернет е хорор за вас, тогаш оние кои ви велат дека поминувате премногу време на интернет се во право.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар