14 вистински приказни што целиот свет треба да ги знае
На светот му недостасуваат добри вести. Медиумите постојано емитуваат вести за глобално затоплување, терористички напади и проблеми со сиромаштијата, додека луѓето од различни земји и континенти постојано прават добри дела и го менуваат светот. Хероите не треба да живеат во сенка! Прочитајте ги следниве моќни вистински приказни кои целиот свет треба да ги знае…
1. Случајна порака спасила живот на дете
Сид сакала да прати фотографии од нејзиниот фустан за да побара совет од пријателка, но ја пратила пораката на погрешен број. Тони, татко на неколку деца, се изненадил, но љубезно одговорил: „Мислам дека поракава е за некој друг. Жени ми не е дома, така што не можам да побарам нејзино мислење, но јас и децата мислиме дека изгледаш одлично во фустанот! Дефинитивно треба да го одбереш тој!“ Тој исто така пратил фотографија од децата како го одобруваат фустанот.
На фотографијата од децата го нема најмалиот син на Тони, Кајслер, кој тогаш бил во болница. Сид ја споделила приказната на Твитер. Кога дознале дека синот на Тони има рак, следбениците на Сид и другите корисници на Твитер собрале околу 3.000 долари. Една љубезна реакција на нечија грешка успеала да спаси детски живот!
2. Работници работеле прекувремено за да може нивниот колега да се грижи за болниот син
Андреас Граф, 36-годишен работник од Марбург, Германија, имал ужасна судбина: Неговата сопруга починала, а на син му му била дијагностицирана леукемија. Очаен, Андреас напишал барање за отпуст за да може да се грижи за детето, но човек од одделот за човечки ресурси ја споделил неговата приказна со колегите и ги убедил да помогнат.
Работниците одлучиле да ги поделат смените на Андреас помеѓу себе за да не мора да дава отказ. Колегите работеле прекувремено вкупно 3.264 часа, а тоа се околу 400 работни дена и мажот добил компензација. Февруари годинава Андреас можел да се врати на работа и не можел да ги задржи солзите кога им се заблагодарувал на колегите за нивната добрина.
3. Храброста на мајката старателка
Родителите на Оксана не сакале да ја земат од болница веднаш по нејзиното раѓање. Девојчето имало конгенитални аномалии на долните екстремитети кои подоцна морале да бидат ампутирани. Девојчето сменило 3 сиропиталишта, преживеало глад, тепање, па дури и силување. Но, овој малечок живот бил спасен од страна на Геј Мастерс, терапевтка за говор од Америка. На Геј ѝ требале 2 години за да ги собере сите потребни документи и да може да го пренесе 6-годишното девојче во Америка.
Геј одлично ја воспитала посвоената ќерка и ја научила да го сака спортот. Таа ја поддржувала ќерка ѝ во сите работи што сакала да ги прави. На последните Параолимписки игри во Пјонг Чанг, Оксана освоила сребрен медал во дисциплината спринт во биатлон и бронзен медал во скијање. „Таа ми го даде животот“, изјавила Оксана за нејзината една и единствена вистинска мајка.
4. Спасувањето на едноокото куче
Повеќето луѓе би го одминале кучето Фродо. Но, Клаудија од Хрватска има големо и добро срце, па затоа му дала на болното куче надеж за среќен живот. Таа го претворила малото чудовиште во слатко и разиграно кутре и ја објавила неговата приказна на Интернет. Сега Фродо има нови сопственици кои го нашле на Интернет страницата на Клаудија и продолжиле да се грижат за него во замена за бескрајна благодарност и верна љубов.
5. 8.700 долари биле собрани за да може една старица да ги објави нејзините книги
Неколку грижливи луѓе успеале да ѝ дадат среќен крај на една старица која поминала години обидувајќи се да ги продаде нејзините книги на замрзнатите улици во Екатеринбург. Тета Вера пишувала бајки и ја искористила пензијата за да го исполни својот сон: Да објави прекрасна книга со тврди корици и со илустрации од нејзината ќерка која умрела од рак. Историјата на уличната писателка допрела многу Руси и за буквално една недела, старицата собрала повеќе од 500.000 рубљи (околу 8.700 долари) за да го оствари својот сон. На тета Вера ѝ било понудено и бесплатно место за да ги продава книгите во трговски центар.
Продолжете на следната страница за останатите приказни…