14 топли дестинации за вашиот следен одмор - Part 2

14 топли дестинации за вашиот следен одмор

8. Истанбул, Турција

Истанбул шири вибрации кои веднаш ќе ве привлечат да го посетите. Шареноликите џамии, малите патчиња и пријатниот пречек на гостите е токму она што ја прави Турција да биде една од најпосакуваните локации во светот. Бројните шопинг центри, интересните пазари и ресторани се причина плус зошто веднаш треба да заминете во овој прекрасен град.

Наш предлог: Посетете ја градината со лалиња Емирџан и секако, Аја Софија.

9. Камбоџа

Од величествениот шарм на храмот Ангкор Ват до тропската вегетација, Камбоџа е егзотичен избор за авантуристите. Главниот град, Пном Пен изобилува со интересни градби како храмот Ват Пном, кој претставува најстарата градба на градот. Други интересни туристички атракции се Сребрената Пагода и Националниот музеј изграден за време на француската колонизаторска ера кон крајот на 19 век.

Наш предлог: Видете го музејот на геноцид Туол Сленг кој порано бил средно училиште кое се користело како затвор. А, ако не сакате да гледате морбидни работи, тогаш топла препорака е да го посетите Срах Сранг со необичната богата и моќна архитектура на Кмерското царство карактеристична за 800-тите години од нашата ера.

4-14-topli-destinacii-za-vasiot-sleden-odmor-kafepauza.mk

10. Португалија

Оваа топла земја со пријатен јазик и интересна култура ќе ве маѓепса со тесните улички и необичниот португалски блуз. А нивната храна засекогаш ќе ве зароби во еден свет на вкусови од кој никогаш не ќе можете да излезете. Лисабон, како главен град, нуди најголем број интересни активности како пешачење до Мирадоуро да Сенора до Монте, кој во себе крие една од најубавите глетки во светот или ако не сте обожавател на пешачењето, океаниумот на Лисабон ќе ве одведе во нов свет кој изобилува со егзотични животни.

Наш предлог: Прошетајте се кон Кашкаеш, пријатна населба во која ќе впиете многу сонце или уживајте во вкусна португалска храна придружена од нежните меланхолични звуци на фадото во некој од рестораните како Фадо де Алфама или Меза де Фрадеш.

11. Индија

Шарените сари, интересните храмови на индиските богови и самата култура на Индијците сигурно ќе ве привлече да ја посетите оваа неверојатна земја. Во Индија ќе се запознаете со необични начини на приготвување храна и јадење на истата, ќе ги допрете нивните пријатни материјали од кои се прави најубавото сари.

Наш предлог: Одете за време на празникот Холи, познат како празникот на боите и љубовта. Овој празник се одржува некаде кон крајот на последната недела од зимата, значи некаде кон крајот на март или април, а во ретки случаи во февруари. Секако, не пропуштајте да го посетите величествениот Таџ Махал, одраз на вистинската љубов и храмот Лотус чија авангардна архитектура ќе ве восхити.

12. Самоа

Самоа е разгледница на природна убавина составена од 10 острови, секој со различни услови и околини кои вредат да се истражат. Убаво затскриен помеѓу вулканските островчиња меѓу Фиџи и островот Кукс, кој се наоѓа во јужниот Пацифик, овој тропски рај е сон и идилично искуство за секој кој ќе помине низ него. Недопрени плажи и прекрасни одморалишта, мал број комерцијални атракции, високи планински врвови и пространи прашуми е сосема доволен опис за ова неверојатно место.

Наш предлог: Одморете на плажите од островчето Уполу или на плажата Лаломану кои се синоним за „дојдете и отворете ги вратите од рајот“. Исто така, интересен е маркетот Апиа, односно пазарот составен од многубројни тезги и продавачи кои сигурно ќе ве убедат да купите од нивната егзотична храна.

5-14-topli-destinacii-za-vasiot-sleden-odmor-kafepauza.mk

13. Тајланд

Нурнете во богатата култура на Тајланд и сигурно нема да сакате да се вратите назад. Освен преубавата храна, интересните одморалишта и плажи кои ќе ви го одземат здивот (како да ви е потребно уште), Тајланд има многу интересни нешта кои вредат да се видат. Ват Арун и Ват Сакет се дефинитивно меѓу нештата кои морате да ги видите, а не смеете да го пропуштите и Златниот Буда. Тајландската кујна, иако многу раширена по светот, сепак останува автентична и домашна само во Тајланд.

Наш предлог: Пробајте Јам вунсен кунг – зачинета тајландска салата со тестенини и ракчиња карактеристична само за оваа земја, или Као том мат во форма на прекрасни колачиња исполнети со банана и ориз.

14. Прага, Чешка

Чесите се неверојатно трудољубив народ кој благодарение на Карло Велики направиле фантастични градби. Тука мора да се спомне Карловиот мост, како најсовршено архитектонско дело кое ги поврзало двата града на двете страни од реката Волтава. Освен чешката архитектура, тие придонеле многу и во музиката, особено во периодот на Романтизмот. А нешто што навистина мора да го посетите е концертната сала која ја изградил Беџих Сметана и го носи неговото име. Исто така, Чесите се и најголемите пивопијци во светот, па не пропуштајте да го пробате нивното пиво во некој од домашните барови.

Наш предлог: Направете едно крстарење околу реката Волтава, по можност во ноќните часови или пак посетете го Вејклавскиот плоштад каде што се одвивала т.н. „Плишана (нежна) револуција“.

6-14-topli-destinacii-za-vasiot-sleden-odmor-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар