14-те лекции за животот на кои нè научи „Кум“: Никогаш не мешајте се во приватниот живот на другите луѓе!
Филмот „Кум“ не е само гангстерска сага, туку е слоевита приказна за моќта, семејството и капитализамот.
Еве 14 лекции што ги научивме од него:
1. Не давајте ветувања кои знаете дека не можете да ги исполните
Вашиот збор е најважната работа што може да ја понудите. Не земајте го „здраво за готово“. Секогаш прво размислете дали можете да го исполните ветувањето. Сосема е во ред да се каже „не“ на нечие барање (освен ако не е на денот кога се мажи вашата ќерка).
2. Не мешајте се во животот на другите луѓе
Особено не мешајте се во животот на некој брачен пар. Озборувањата или давањето совети за личните работи секогаш треба да останат нечии лични нешта – тоа е приватноста што мора да се почитува. Кога Кони и Карло имаа расправија, Сони се обиде да интервенира, но беше замолчан од г-ѓа Корлеоне.
3. Семејството е најважната работа во животот
Kрвта е погуста од водата.
„Човекот кој не поминува време со семејството, никогаш не може да стане вистински човек“ и „Единствено богатство на овој свет се децата, поважни од сите пари или моќ на земјата.“ – вели Дон Вито Корлеоне.
4. Никогаш не правете нешто против вашето семејство
Не бидете како Фредо Корлеоне. Без оглед на тоа колку не го сакате вашето семејство, тие се сепак ваше семејство. Од почит, никогаш не одете против сопствената крв, освен ако не сте подготвени на последиците – отуѓување (или смрт).
„Фредо, ти си мојот постар брат и јас те сакам. Но, никогаш не оди против твоето семејство. Никогаш.“ – вели Мајкл Корлеоне.
5. Никогаш не реагирајте додека сте емотивни
Дејствувајте дури откако ќе размислите со ваш ум за сите можни последици што може да се случат. Размислувајте мудро и дипломатски. Емотивните испади, како што се оние на Сантино „Сони“ Корлеоне, на крајот го доведоа до смрт. Зошто? Затоа што стана предвидлив. Никогаш не станувајте предвидливи.
„Никогаш не мрази ги непријателите. Тоа влијае врз твојата пресуда.“ – Мајкл Корлеоне.
6. Чувајте ги вашите пријатели близу, но вашите непријатели уште поблизу
Секогаш внимавајте на непријателите со едно око и играјте ја шаховската игра во животот со прецизност, посветеност и тактика. Градете добри односи, во спротивно нема да можете да се вратите во играта. Особено во јавност. Кога сенаторот Пат го заплаши Мајкл Корлеоне, тој едноставно одговори:
„Мојата понуда е оваа… ништо.“. Тој го задржа сенаторот во неговиот круг и на крајот го имаше во рака.
7. Воспоставувајте пријателства од почит, поради бизнис или од доверба
Не можете да го изберете семејството, но пријателите можете. Разгледајте ги придобивките што може да донесе одредено пријателство. Слично на тоа, разгледајте ги и недостатоците. Измерете ги предностите и недостатоците и изберете внимателно.
„Пријателството е сè. Пријателството е повеќе од талент. Тоа е повеќе од владеење, скоро еднакво на семејството.“ – вели Дон Вито Корлеоне.
8. Криминалците на важни позиции се најмоќните криминалци
Од Вол Стрит до Беј Стрит, меѓународните инвеститори и политичари и луѓето на високи позиции може да создадат поголем хаос и да влијаат врз нивното семејство на многу полош начин од просечниот криминалец. Така, образованието и работата се вашите начини за движење нагоре, во погорните класи од општеството. Тоа е животна лекција што мора да ја прифатите ако сакате да станете успешни и моќни. Просечниот уличен криминалец нема да се прослави во големата шема на бизнисот.
„Адвокатот со чанта може да украде повеќе пари отколку човекот со пиштол.“ – вели Марио Пузо.
9. Вашата работа мора да остане во приватност, разговарајте за бизнис само со членовите на семејството!
Не разговарајте за вашиот личен или семеен бизнис со странци. Никогаш не знаете кој ќе ги искористи тие информации во своја полза.
10. Насилството е последно средство
Во текот на приказната „Кум“ ја пренесува пораката за претпочитање на дипломатијата наместо насилството. По започнувањето на војната, животите се изгубени, работата трпи загуби.
„Не сакам насилство, Том. Јас сум бизнисмен. Крвта е голем трошок.“ – вели Солозо.
11. Дрогата е непожелна
Дури и криминалците имаат список од непожелни нешта, а дрогата е на врвот. Продажбата на дрога го корумпира нивниот имиџ во јавноста.
„Точно е дека имам многу пријатели во политиката, но тие не би биле толку пријателски настроени ако дознаеа дека продавам дрога наместо коцкање, тие тоа го сметаат за безопасен порок“, „Но, дрогата, тоа е валкана работа.“ – вели Дон Вито Корлеоне.
12. Никогаш не барајте нешто за возврат ако прво не ги понудите вашето пријателство и почит
Кога ќе прашате нешто од некого, направете го тоа со почит и понудете го вашето пријателство и лојалност за возврат. Во спротивно, ќе се сметате за слабак, несигурен и недоверлив човек.
13. Изградете силна заедница
Помогнете им на другите и помошта ќе ви биде возвратена. Имајте и почит. Дон Вито Корлеоне изгради силна империја врз силната заедница. Тој им помогна на соседите и пријателите и се стекна со голем углед.
„Еден ден, и тој ден можеби никогаш нема да дојде, ќе побарам услуга од вас.“ – Дон Вито Корлеоне.
14. Не сфаќајте ги нештата премногу лично
Понекогаш, само треба да имате на ум дека „тоа не е нешто лично, тоа е дел од работата.“ – како што вели Мајкл Корлеоне.
Можеби сакате да прочитате и за тоа дека еден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би старееле.