14 работи кои се случуваат кога сите ваши пријатели ќе почнат да стапуваат во брак

14 работи кои се случуваат кога сите ваши пријатели ќе почнат да стапуваат во брак

Има еден чуден феномен кој се случува во вашите средни до доцни 20-ти, кога сите ваши пријатели започнуваат да стапуваат во брак во ист период, како да биле повикани и предодредени од некоја повисока сила за да го направат тоа. Но, венчавките не се однесуваат само на двајцата заљубени и нивните жртвувања кои ги прават за да ја искусат најдобрата прослава во нивниот живот. Венчавките се однесуваат и на ефектите кои тие ги имаат врз присутните гости, а еве и зошто е тоа така.

14 работи кои се случуваат кога сите ваши пријатели ќе почнат да стапуваат во брак

1. Ќе сфатите колку сте сиромашни, бидејќи ќе треба да присуствувате на 5 венчавки и да го делите буџетот за 5 различни подароци.

2. Ќе можете да си дозволите неколку одмори во годината, но повеќето од нив, ако не и сите, ќе бидат враќање во вашиот роден крај.

3. Ќе започнете да се запрашувате за вашата лична физичка активност и ќе се изнервирате, бидејќи прво, немате време и второ, вие не сте тие кои стапуваат во брак, па зошто тогаш треба да се трудите да изгледате како модел?

4. Ќе треба да купите и нова самодоверба и нова облека која потоа ќе треба да ја поправите и модификувате неколку пати, а знаете дека после венчавката, повторно никогаш нема да ја облечете.

5. Ќе дознаете кои ваши пријатели се навистина успешни, а кои не се, што ќе биде очигледно по самата организација на венчавката.

6. Ќе треба да одлучите кои ваши пријатели и познаници се навистина вредни за вашето време, а на кои може да им честитате на поинаков начин.

7. Ќе заклучите кои се вашите вистински пријатели по тоа што ќе видите дали сте поканети на венчавката или сте разбрале за неа преку социјалните мрежи.

8. Веројатно ќе се расплачете барем на една од овие церемонии и ќе ви биде многу срам.

9. Сите ваши животни одлуки ќе бидат ставени под знак прашалник од страна на постарите гости: „Пријателите веќе се венчаа, ти кога?“ „Сѐ уште не си во брак, што правиш во животот?“ Претпоставуваме дека досега веќе си го спасил/а светот бидејќи нели, не си во брак.“

10. Ќе треба повеќепати да објасните зошто сте се одлучиле да се фокусирате на вашите студии или на вашата кариера наместо на бракот и целиот разговор повторно ќе се сведе на претходните испрашувања кои имаат 10 пати поголемо значење ако сте во врска.

11. Ќе забележите дека сте станале експерт за лаф-муабети кои се прават кога ќе излезете на цигара или колку за да помине времето, бидејќи сте принудени да разговарате со луѓе кои не ги ни познавате.

12. Ќе заклучите каков вкус за музика имаат вашите пријатели кој можеби нема толку многу да ви се допадне. Потоа ќе сфатите дека и вашите пријатели ќе го помислат истото и за вашата венчавка и ќе дојдете до сознанието дека сте добри пријатели затоа што се надополнувате едни со други со своите разлики.

13. Ќе станете интернет шпион бидејќи цело време ќе следите какви фотографии се објавуваат на социјалните мрежи.

14. Конечно, ќе сфатите дека сега навистина нема да можете да стапите во брак, не затоа што не сте заљубени, туку затоа што цел буџет го потрошивте на венчавките и подароците за вашите пријатели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар