14 причини зошто не можеме да заспиеме навечер

14 причини зошто не можеме да заспиеме навечер

Сигурно несоницата ви е позната појава, па дури и да не ја доживувате често, сте ја доживеале некогаш. Кога ќе размислиме, многу различни и интересни нешта нè тераат да останеме будни до доцна, дури и тогаш кога речиси сме биле заспани пред да легнеме во кревет. Еве поради што сè не можеме да заспиеме.

14 причини зошто не можеме да заспиеме навечер

1. Поради хоророт кој сме го гледале истата вечер или пред една година.

2. Поради духови и слични натприродни појави на кои ни текнува доцна во ноќта. Така, нашата фантазија си поигрува со нас и нè остава будни.

3. Поради гласните комшии кои или многу се караат или пак, многу се сакаат и си разменуваат гласни нежности до доцна во ноќта, а ѕидовите се тенки.

4. Бидејќи комшијата се журка до 3 сабајле и пушта гласна музика.

5. Само што легнавте негде во далечината слушате полициска сирена или сирена на брза помош. Потоа вашиот мозок почнува да работи, што се случило, каде се случило, случајно да не е некој што го познавам… и сè така во круг.

6. Поради мува, комарец и сличен непожелен инсект, како пајакот кој беше точно над вашиот кревет и го убивте пред да си легнете. Но, што ако ги има повеќе?

7. Поради чудните звуци, крцкањето, тропањето… ми се причинува или не?

Поради чудните звуци, крцкањето, тропањето... ми се причинува или не?

8. Поради нешто што ни се случило во текот на денот.

9. Поради нешто големо што треба да ни се случи утре.

10. Стрес и несогласувања во љубовта или во семејството. Знаете дека не вреди да се нервирате ама мозокот ви работи брзо исто како што срцето ви чука брзо од нервоза.

11. Поради јакото кафе кое дефинитивно не требаше да го испиете пред еден час.

12. Поради газираниот сок и обилната вечера која тешко се вари.

13. Бидејќи сме жедни или гладни или ни студи, но мрзата е голема па сепак пробуваме да заспиеме.

14. Почнуваме да размислуваме за животот и смртта, дали правиме доволно, што ќе оставиме зад нас и што нè чека откако ќе го напуштиме овој свет. Сите тие големи филозофии се производ на нашите мозоци токму тогаш кога навистина не се пожелни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар