14 несоборливи научни откритија кои тврдат дека постојат вонземјани
8. Покрај океаните на Еуропа и Енцеладус, огромни потповршински океани постојат на уште дузина вселенски тела во нашиот универзум, велат планетарните научници. Проблемот да се детектира живот на кое било од овие тела е во тешкотијата да се допре до овие водени обвивки, кои се наоѓаат стотици километри под површината.
9. Покрај Земјата, Титан, најголемата месечина околу Сатурн е единственото тело во нашиот сончев систем каде што има езера на површината. Овие езера немаат исти форми на живот како тие на Земјата бидејќи се изградени од течен метан, а не од вода. Како и да е, претходно оваа година, беше покажано како метански базирани живи клетки можат да постојат на Титан.
10. Можно е животот да се формира и да опстојува само на планети слични на Земјата, што значи дека единствената шанса да откриеме вонземски живот е на планети надвор од нашиот соларен систем. Последниот јули, научниците открија планета слична на Земјата оддалечена 1.400 светлосни години.
„Нејзината форма, орбита, сонце и старост нудат можност за појава на живот некаде на површината… ако постојат сите потребни состојки и услови за живот на оваа планета“, велат научниците.
11. Во октомври научниците открија нешто што не можат да го објаснат – невообичаени големи парчиња од материја орбитираат околу далечната ѕвезда KIC 8462852. Иако шансите се мали, бизарната материја може да биде мегаструктура изградена од вонземјани, наречена Dyson. Моментално, научниците од СЕТИ го користат телескопот Allan Array да откријат дали вонземски цивилизации живеат во ѕвездениот систем оддалечен 1.500 километри од Земјата.
12. Од Дрејковата равенка можеме да заклучиме дека во нашата галаксија има милиони интелигентни цивилизации. Ако е тоа така, тогаш зошто не сме воспоставиле контакт? Можеби поради тоа што Млечниот пат не е во целост гостопримлив за живот, според научен труд од минатиот месец каде што е пресметано дека другите галаксии можат да содржат 10.000 пати повеќе планети погодни за живот од Млечниот пат.
13. Во друго статистичко истражување, астрономите пресметале дека 92% од планетите слични на Земјата сѐ уште не се родени. Нивните резултати се базирани на опсервациите со телескопот Hubble Space на распространетата прашина низ универзумот која евентуално може да се кондензира во карпеста планета со големина на Земјата.
14. Сите ние сме направени од тешки атоми, создадени при експлозиите на супермасивните ѕвезди. Ова не само што нè поврзува со универзумот, туку ја потенцира и можноста за постоење на вонземјани, објаснува прославениот астрофизичар Нил Деграс Тајсон:
„Овие состојки стануваат дел од гасовитите облаци кои кондензираат, се распаѓаат и ја формираат новата генерација на соларни системи – ѕвезди со орбитирачки планети. А тие планети ги содржат состојките за живот во себе.“