14 маки што ги разбираат девојките кога се во месечен циклус

14 маки што ги разбираат девојките кога се во месечен циклус

Ах менструации… најубавото нешто што може да ѝ се случи на една жена… Чекај, чекај нешто не е во ред со реченицава. Најголемото зло што може да ѝ се случи на една жена.* Да, сега звучи подобро. Месечниот циклус е едно од најпроблематичните нешта што жената ги доживува во текот на својот живот. Од изненадните „посети“, до неконтролираниот глад и промена на расположението, ова се 14-те маки со кои сите се соочуваме кога имаме добиено.

0-14-maki-shto-gi-razbiraat-samo-devojkite-shto-imaat-mesechen-ciklus-kafepauza.mk

1. Необјаснив опасен глад за сѐ што има максимално калории – Од Милка чоколади, до Милка бонбончиња, Милка колачи, сладолед… листата на високо калорична храна е бескрајна.

2. Не знаете што да носите затоа што се чувствувате надуено. – Во сѐ!

3. Кога сме кај облеката, модата станува комплицирана за време на „тој период од месецот“ – Да, вистина само еднаш ви се случи да ви протече, ама никогаш не се знае…

4. Кога ќе се појави одненадеж – Како да си играте криенка, само што не си играте и вашиот циклус ви прави БУ! НЕ МЕ ОЧЕКУВАШЕ, А? Вие за помалку од половина час треба да носите розов фустан на свадбата на вашата пријателка, а сѐ што сакате да правите е да легнете со најубавото шише вино во рака и да го игнорирате целиот свет.

5. Одење на плажа – Затоа што иако нема начин за да се докаже, вие едноставно знаете дека тампонот размислува на свој начин. Може да излета и да го поздрави згодното момче со фризбито во секој момент.

6. Знаете дека „треба“ да одите на трчање или аеробик затоа што ќе ви ги смири болките – Но ретко го правите тоа затоа што вашето тело чувствува дека треба да мирува и да не прави ништо – барем додека не заврши оваа голгота.

7. Се грижите луѓето да не ви ги видат тампоните – На пример кога одите во тоалет и чувствувате дека треба да го криете тампонот во чантата или ракавот. Или кога ги купувате во продавница и ги криете под мишка и купувате и шампон за да не се шетате само со нив.

8. Се грижите дека вашиот тампон ќе ви одлета од чантата или од раката – Иако повторно нема докази, знаете дека тоа мало чудовиште може да ве зафркне. Сакате да извадите малку сјај од чантата? Но, не би сакале случајно тампонот да одлета во нечие лице, нели?

9. Кога чекате да добиете, а не добивате – Фала му на Бога што не можете да бидете во романтична врска со вашата менструација затоа што таа никогаш, ама баш никогаш нема да ви пише и да ви каже што прави.

10. Кога го терате да ви купи тампони – А тој или А) Се жали или Б) Вели: „Нели ти купив?“– Да ми купи. МИНАТИОТ МЕСЕЦ!

11. Кога некој (вообичаено припадник на посилниот пол) ве прашуваа дали имате добиено затоа што изгледате нервозно – Дури и да сте нервозни, тоа не е причината. Причината за вашата нервоза е што морате да се дружите со комплетни идиоти што прашуваат дали имате добиено.

12. Кога одлучува да ви се придружи вам и вашиот љубовник на одмор – Ги заборавивте тампоните и ве боли стомак, а тој сака орално да го задоволите како утешна награда затоа што имате добиено. Единствената дозволива реакција на тоа? – Не.

13. Ги спомнавме грчевите така? – Гонете се, гонете се!

14. Кога сакате да носите бели пантолони – „Колку добро би ми стоеле беливе пантолони… хахаха не денес срц.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар