14 луѓе откриваат зошто не би можеле да си го замислат животот без куче

14 луѓе откриваат зошто не би можеле да си го замислат животот без куче

Помеѓу човекот и кучето постои уникатна врска. Без разлика дали се релаксирате заедно, шетате, работите или играте, неговото друштво секогаш е пријатно. Оние кои чуваат куче ќе се согласат дека деновите се многу поубави кога до нив е четвороножниот пријател. Погледнете ги изјавите на овие луѓе кои низ различни ситуации потврдуваат зошто кучето е нивниот најдобар пријател.

14 луѓе откриваат зошто не би можеле да си го замислат животот без куче

„Замислете да живеете без вашите очи. Невозможно е навистина да се замисли тоа, но знаете дека тоа е страшно, така? Па, јас сум слеп и замислувам дека би било пострашно ако го немам моето куче помошник. Пред да ја добијам Луси, ми беше страв да излезам надвор. Но, таа е како мал магичен мост помеѓу мене и слепиот свет. Се сеќавате кога во Волшебникот од Оз сѐ се претвори од црно бело во боја? Па, токму тоа ми се случи и мене кога го добив ова куче. Одеднаш животот имаше многу повеќе можности. Одеднаш почувствував дека можам да летам. Одеднаш имав очи кои функционираа.“ – Едвин, 37 години

„Јас сум самохрана мајка со три деца и сите ние живееме во населба која станува сè поопасна. Кога се разведов пред една година, отидов до локалното засолниште за животни и посвоив женски ротвајлер кој ме штити мене и децата.“ – Ана, 31 година

„Кога плачам, тој ме штити. Кога ќе се здебелам пет килограми, тој не вели ништо. Кога ‘рчам тој не може да ме слушне, затоа што ‘рчи многу погласно. Освен ‘рчењето, зошто човекот ги прави овие работи? На кратко, животот без моето куче би бил како живот со момче, но без куче – мизерен. Би ја нарекол најдобриот пријател на човекот, но тоа би било сексистички и плус тоа, јас не сум маж.“ – Џес, 26 години

„Есента е моето омилено време во годината и близу до мојата куќа се протега селски пат каде што може да се види како лисјата ја менуваат бојата. На свеж ден како денес, шетањето по тој пат е како калеидоскоп од бои – може да видам зелени, портокалови, жолти и кафеави лисја под синото небо. Но, задоволството од шетањето по овој пат ќе биде помало доколку покрај мене не е мојот црн лабрадор по име Фишер. Тој е најважната боја од моето виножито. Животот без него ќе ја нема основната боја за мене.“ – Џесика, 24 година

„Првото нешто што ми падна на ум беше дека ако го немав моето куче, ќе бев во можност да го јадам секој оброк во целосен мир, без да ја врти неговата мала опашка и задникот, постојано додевајќи ми нешто. Претпоставувам дека би било убаво, освен тоа што кучето би ми недостигало толку многу, што не би била способна да јадам.“ – Ешли, 25 години

„Живот без моето куче? Замислувам како доаѓам дома и тишината е толку забележлива, што дури е заглушувачка. Јас сум интроверт кој работи дневно во канцеларија и најдобриот дел од денот е доаѓањето дома за кучето да ми го лиже моето лице со лигави бакнежи. Отворањето на вратата на мојот стан без куче внатре, е како да отворање подарок за Божиќ, само за да се види дека станува збор за празна кутија.“ – Џеф, 27 години

„Ја добив кога беше кученце од околу еден килограм, а не можам да се сетам на ниту еден ден кога мојата шестгодишна женска мешана пудлица не направила нешто што ќе ме насмее. Па, животот без неа би бил како свет без смеа. Никој не ве поздравува подобро од кучето. Никој не е повеќе возбуден што ве гледа. Тие се природни антидепресиви.“ – Сара, 25 години

14 луѓе откриваат зошто не би можеле да си го замислат животот без куче

„Пред две години бев на летно кампување со моето куче и девојката на огромна и речиси пуста област на земјата. Одеднаш, без некоја очигледна причина, мојот сладок мал булдог по име Фифи почна отежнато да дише, како да бил избоден во белите дробови. Бев оддалечен речиси еден час возење од која било ветеринарна станица, но возев преку тие пусти патишта со силна брзина, проколнувајќи го Бог, истовремено молејќи се да не го убие моето куче, тоа куче кое е, беше и ќе биде мојот цел свет. Животот без него? Си го замислувам, тој би бил ужасен.“ – Џим, 33 години

„Претпоставувам дека можам да си го замислам животот без моето куче – тој би бил обичен живот, само без мојот омилен другар во секоја сцена. Без разлика дали е тоа спиењето, јадењето, пешачењето или гледањето телевизор, ќе постои голема дупка каде што треба да се наоѓа моето куче. Звучи како хорор филм!“ – Тед, 26 години

„Кога ќе помислам на животот без моето куче, се потсетувам на стиховите на една стара песна: ‘Замисли свет каде што не свири музика, потоа замисли црква каде што никој не се моли, ако некогаш си погледнал во небото без синило, тогаш си видел фотографија од мене без тебе…’ Така го замислувам животот без мојата мала крзнена топка. Тој би бил како утро без кафе или како кревет без перница. Како ден без сонце или езеро без вода. Тоа би било живот, но не можам сосема да кажам дека ќе се живее.“ – Били, 43 години

„Дали некогаш сте посегнале по креветот, барајќи некој за да се милувате и откривате дека таму има само перница? Зар не е тоа најосаменото чувство на светот? Не се грижам за тоа што моето куче тежи речиси исто колку мене, ниту дека тој ги растура креветите и чаршафите. Она за што ми е гајле е тоа дека кога ќе посегнам кон креветот, може да почувствувам како удобно спие. Сѐ додека тој е тука, никогаш нема да се чувствувам осамено.“ – Енди, 24 години

„Пред 18 месеци ми беше дијагностициран рак на црниот дроб и ми беше кажано дека ќе живеам уште една година. Живеам со рак, со хемотерапии, тестови и третмани, тага и не знам уште колку ми останува од животот, но не можам да си замислам еден ден во оваа агонија без моето куче, каде и да одам. Она за што се грижам е тоа каков ќе биде нејзиниот живот кога јас ќе си заминам. Понекогаш сакам да мислам дека таа е бесмртна.“ – Бес, 42 години

„Имам мала, дебела и кафеава 13-годишна чивава женка, по име Тини. Бездомен пар ми ја продаде пред еден ресторан ако се согласам да им купам вечера. Фактот дека тие се подготвени да го продадат овој мал ангел во замена за оброк, ми кажува колку биле ужасни нивните животи таа вечер. Можам да кажам дека тие ја сакаат и дел од мене чувствуваше вина што ја имам. Но таа ми носи многу среќа, па кога се обидувам да го замислам животот без неа, замислувам како се чувствува тој кутар пар секој ден и секоја ноќ.“ – Џони, 29 години

„Кој би ме будел наутро? Кој би ме поздравувал кога ќе се вратам дома? Кој би шетал со мене во паркот? Кој би ги јадел последните залаци од секој оброк што го јадам? Кој би лаел кога ќе има чудни звуци на покривот? Кој ќе ги фаќа глувците во подрумот? Зошто ме прашувате вакво прашање, дали се обидувате да ме вознемирите?“ – Кристен, 24 години

14 луѓе откриваат зошто не би можеле да си го замислат животот без куче


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар